hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Наџи: „Данска не е Полска и ќе мораме да ги сопреме нивните лудо брзи звезди„

nagi

Најголемата звезда во унгарската репрезентација Ласло Наџи од пред неполна година пак настапува за националната репрезентација за земјата во која е роден. Блесокот на Олимписките игри не беше случаен и унгарците пак докажуваат дека нивните успеси не се случајни, напротив се дел од нормален процес и проект кој уште трае и се развива.

„Ако играме во одбраната како со Полска имаме големи шанси да се надигруваме со моќната Данска. Тие имаат лудо брзи играчи и сосема поинаку играат од Полска. Нема што да загубиме, бидејќи играме со европскиот првак, но ќе се обидеме да изненадиме. Добро го познавам и вашиот Лазаров. Многу пати сме играле еден против друг и сметам дека е еден од најдобрите шутери и стрелци во светот. Тој направи многу за вашата репрезентација. Често играше и за соиграчите и тие играле за него„ ни рече звездата на Веспрем, Ласло Наџи кој до минатата сезона играше во ASOBAL лигата и минатата сезона ја доби наградата за најкорисен играч во шпанската лига.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share