hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Карабатиќ: „Фаворити не сме ние, фаворити се хрватите„

karabatic

По турболентната 2012 година, Никола Карабатиќ лидерски ја поведе репрезентацијата на Франција до победа во осминафиналниот меч со Исланд. Сепак, некогашниот најдобар ракометар на светот не смета дека неговата репрезентација е главен фаворит за златото. „Зошто ние? Ние не сме главни фаворити. Таа улога е за хрватите. Тие ја добија Шпанија во мечот за првото место, а ние загубивме од Германија. Имаме многу квалитетни репрезентации, тука е и Данска и Шпанија, но јас сметам дека Хрватска е фаворит„ ни рече ракометарот на Монпеље, кој сигурно во новата година ќе побара нова систематизација. Тој се наврати на начинот на кој играше Исланд против неговата репрезентација. „Во првото полувреме имавме проблеми, зошто Исланд многу добро ја напаѓаше нашата 6-0 одбрана. Во вториот дел кога ја променивме одбраната, подобро изгледавме. Сепак примивме многу лесни голови и Исланд се врати во мечот. Среќа што победивме и го обезбедивме четвртфиналето„ ни рече Карабатиќ по завршувањетона средбата со Исланд на Арон Кристјансен.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share