hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Константини: „Ја сакам вашата пасија кон овој спорт„

konstantini

Еден од највлијателните луѓе во светот на модерниот ракомет сигурно е Даниел Константини. Со неговиот лош англиски, моравме на автентичен француски да ги дознаеме неговите ставови поврзани со Македонија и нашиот национален тим во ракомет. „Ја сакам вашата страст кон овој спорт. Во Србија бевте одлични, вашата публика сите нас не освои. Сега завршивте нешто порано, но и тоа е дел од спортот. Го имате Кирил Лазаров кој веројатно е најдобриот левак во светот. Врз него треба и понатаму да ја градите репрезентацијата. Драго ми е што така мала земја толку многу го сака ракометот и дава голем придонес во нејзиниот развој. Често уживав гледајќи ја вашата репрезентација и вашата публика„ ни рече Константини во францускиот дел од новинарската екипа. Веќе неколку години човекот кој два пати стана светски првак како селектор на Франција, работи како стручен соработник за неколку француски весници.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share