hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Кретчмар: „Ви недостига уште еден како Кирил Лазаров„

krecmar golema

Еден од најдобрите крилни играчи на сите времиња Стефан Кречмар, секогаш со многу симпатии говори за нашата репрезентација. Така и по натпреварот со неговата репрезентација беше уште поинтересно да се чуе неговата анализа.

 „Имате одличен тим. Ја немате онаа прекрасна публика до Србија минатата година, но сепак тоа е одличен состав. Кирил Лазаров е еден од најдобрите во светот, но освен него друг врвен играч немате. Можеби пивотменот, кога ќе има игра за него, но генерално ви недостигаа квалитетни надворешни ракометари. Се гледа дека вашите играчи го разбираат ракометот тактички и технички, но за атлетиски ви недостига уште нешто. Не знам кој е вашиот план Б, но го имате Кирил Лазаров и треба да го следите неговиот чекор, неговата кариера„ беше како и секогаш интересен соговорник. Македонската јавност секогаш со многу симпатии гледа на каризматичниот Кречмар, сега стручен коментатор на SPORT 1 телевизијата.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share