ВИДЕО: Шундовски: „Само што започна нашиот процес на реновирање на репрезентацијата„
Еден ден по елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство, селекторот Звонко Шундовски веќе се осврнува кон својот клуб Констанца, а на федерацијата е да ја анализира целата ситуација по овој голем турнир.
„Мислам дека направивме подмладување на репрезентацијата. Внесовме неколку нови ракометари во групата и ова е само почетокот на нашиот долг проект. Одигравме солидно првенство и оптимист сум за иднината на нашиот ракомет. Рано е да се размислува за квалификациите на европското првенство во Данска, но мислам дека двата меча во април со Шпанија ќе бидат одлучувачки за нашите шанси за пласман на наредниот голем собир„ ни рече селекторот пред заминувањето од Шпанија и враќање во татковината. Како и сите останати играчи, така и Шундовски веднаш ќе му се стави на располагање на својот клуб Констанца.