Дека Германија ништо не препуштила на случајот покажува изјавата на нивниот директор Хајнер Бранд. Бившиот селектор ни открива што било клучот за победата.
„Игравме извонредна одбрана, посебно на вашите кружни напаѓачи. Не дозволивме тука да се мине и успеавме да реализираме серија на лесни голови. Оваа репрезентација на Германија е млад тим без многу звезди, но сите се жртвуваат за националната репрезентација. Вие имате солидна репрезентација и сметам дека не е неуспех елиминацијата во осминафиналето„ изјави човекот кој како селектор на Германија ја совлада нашата репрезентација и во Египет 1999 година кога не водеше Стефановски и во 2009 кога наш селектор беше Темелковски.