ВИДЕО: Германските ракометари едногласни: „Хајнветер е јунакот„
По натпреварот од осминафиналето разговаравме со Патрик Грецки и Доминик Клајн кои ни ги кажаа нивните опсервации за оваа средба.
„Мислам дека нашата одбрана и пред се нашиот голман беа клучен фактор на оваа средба. Силвио бранеше фантастично. И во првото и во второто полувреме беше нашиот двигател. Кога Македонија се доближи до два разлика, тој не врати во безбедна резултатска зона„ ни рече Грецки. Искусниот Клајн потврди дека Македонија сигурно била многу уморна: „Разговарам со мојот соиграч од Кил, Валур Сигурдсон и тој ми кажа дека пристигнал многу исцрпен во Барселона. Сигурно и тоа доста влијаело врз начинот на подготовка на натпреварот на вашата репрезентација„ ни рече искусниот Клајн. Озарени лицата на германските ракометари низ подтрибинскиот простор на „Сан Жорди„ продефилираа неколку часа по завршувањето на мечот.