ВИДЕО: Миркуловски: „Не треба да тагуваме, имаме репрезентација за наредните натпреварувања„
Филип Миркуловски го постигна првиот наш гол на овој натпревар, но одигра дискретен турнир, во кој не беше овој Миркуловски од претходното европско првенство во Србија. По натпреварот со Германија и елиминацијата, нашиот плејмејкер ни изјави:
„Заслужено сме поразени од квалитетна и полетна германска репрезентација. За нас ова првенство треба да биде големо искуство и верувам дека ќе ги извлечеме вистинските поуки. Имаме многу млади репрезентативци, кои сега ни се приклучија и верувам дека оваа наша селекција само ќе расте што се однесува до учеството на големите приредби. Затоа апелирам да останеме обединети и да се избориме да стигнеме до европското првенство во Данска„ вели ракометарот на Металург Филип Миркуловски во микс-зоната во „Палау Сан Жорди„