hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Германија заслужено не праќа дома

mkd ger

23 Светско првенство - Шпанија 2013

Осминафинале (Барселона)

Германија – Македонија 28:23 (13:9)

Нашата ракометна репрезентација спремна го дочека натпреварот на годината. На големите натпреварувања не може далеку да се дотурка без да се соочиме со Германија. Шундовски го потврди тимот со Исланд, Русија и Данска и ги остави Златко Мојсоски и Ојлески надвор од официјалниот протокол.

Првиот наш напад го пресече Оливер Рогиш за водство на панцирите. И во вториот напад по наша техничка грешка, младиот кружен напаѓач на Кил, Патрик Винчек погодува за 2:0. Нашата негативна серија во нападот го разбрани Хајнветер и со уште два гола на Грецки од седум метри и на Вајнхолд, Германија поведе со 4:0, за тајм-аут на Шундовски. Дури во 8 минута инвидуалната акција на Филип Миркуловски ни го донесе првиот гол. Но тоа не ги смени нашите навики за лесни грешки во нападот и Грецки од контранапад погодува за 5:1 во 10 минута. Капитенот Лазаров погоди за прв пат во 11 минута за -3, но Винчек експресно врати, потврдувајќи ги нашите проблеми и во одбраната и во нападот. Дуелот на Рогиш и Кирил Лазаров го донесе првото исклучување за германскиот див на истекот на 12 минута. Веднаш ја материјализиравме бројчената предност со гол на Георгиевски за 6:3. Дури и имавме зицер на капитенот од десно крило, но Хајнветер одбрани и фрли контра за Доминик Клајн за 7:3. Одбраната на Германија делуваше фантастично и ретко можевме да дојдеме до лесен гол или чиста позиција. Плус Хајнветер собра 7 одбрани за половина полувреме. Кога Штефан Книр погоди за прв пат во 17 минута, Германија поведе со 5 разлика. Филип Лазаров од крилна позиција го постигна нашиот четврт гол и во 18 минута противникот имаше двојно повеќе голови од нас (8:4). Полека Нојбергер ги разигра сите свои ракометари и Хас погоди за 9:4, па откако германците пропуштија два напади за +6 стигна нашиот момент. Гоце Георгиевски од контра со својот втор гол намали на 9:5, но брзо врати Книр за пак Германија да има двојно повеќе голови од нас (10:5). Кога Кевин Шмит за прв пат се запиша меѓу стрелците во 23 минута, Германија веќе имаше 8 различни стрелци од 11 гола. Малку ја олесна работата Наумче Мојсоски со својот прв гол и исклучувањето на Грецки. По втор пат врзавме два неодговорени гола, кога Никола Марковски погоди за 11:7 и тајм аут за германскиот селектор. Ветеранот Клајн од бековска позиција распали низ зоната за нови +5 за светскиот првак од пред 6 години. Со својот втор гол Кирил Лазаров спушта на 12:8, а Борко со својата шеста одбрана му понуди нова шанса на капитенот, кој со третиот гол ни носи подносливи три гола доцнење (12:9). Адријан Фал по исклучувањето на Јоноски во последната минута од првиот дел на Германија му донесе 13:9. Во сите елементи на ракометната игра нашиот ривал не надигра и дури и добро минавме со 4 гола дефицит во првиот дел.

Како и првиот дел и продолжението почна со гол на германците, преку Винчек од позиција на пивотмен. По исклучувањето на Стоилов, со човек помалку Филип Лазаров погоди за 14:10, па и за 15:11. Но Германија играше по ист рецепт и Хас со удар под зоната го изненади Борко Ристовски за 16:11. Највисоката дистанца ја достигна Стефан Книр кој со четвртиот гол донесе 17:11. Дејан Манасков дури во 37 минута го постигна својот прв гол, а Кирил Лазаров со скок-шут намали на 17:13. И кога нашиот голман одбрани седмерец, не реализиравме напад за -3 и Винчек не казни со својот четврт гол за 18:13. Веднаш потоа следеше исклучувањето на Вајнхолд и К. Лазаров со два гола не врати во мечот до 18:15. Кога Ристовски „скина„ уште еден зицер, Дејан Манасков од контра во два потези намали на само 18:16. Дури имаше и зицер со Хајнветер за -1, но германскито голман чудесно одбрани. И по два напади бво кои пропуштивме да дојдеме до само гол заостанување, Тобијас Рајхман враќа +3, а потоа Кевин Шмит од контра ја враќа германската комоција за 20:16. Истиот ракомет во соработка со Хајнветер го неутрализираа нашиот позитивен период за нови пет разлика (21:16). Владимир Темелков со првиот гол намали на 21:17, но Шмит од крилна позиција реплицираше. Инвидуално Наумче Мојсоски го постигна вториот гол, а германскиот селектор Хајбергер повика тајм-аут на 22:18 на нешто преку 9 минути до крајот. Но најдобриот од десетте германски стрелци Стефан Книр, на ефектен начин со скок-шут и Вајнхолд со гол под фаул, го најавија почетокот на крајот на Македонија (24:18). Највисоката предност нашиот противник ја достигна со првиот гол на Штробл во 55 минута (25:18). Веќе ни се закануваше катастрофа кога Рогиш од контранапад зголеми на +8 за Германија. До крајот Мојсоски и капитенот Лазаров ублажија, но Вајнхолд и Штробл во 58 минута пак донесоа 8 разлика (28:20) Темелков, К. Лазаров и Манасков со три гола не донесоа до -5 и чесен пораз и елиминација од мундијалот.

Во германскиот табот блескаше голманот Силвио Хајнвотер, одлични бе аи Книр со 5 и Шмит со 4 гола. Во нашата репрезентација Кирил Лазаров постигна 8, а Филип Лазаров и Мојсоски по 3 гола. Нашиот пласман ќе биде од 9 до 16 место, блиску до прогнозираното 14 место на „Planet-handball„ Следуваат два и пол месеци без репрезентативни обврски, а потоа следува двомечот со Шпанија во продолжението на квалификациите за Европското првенство во Данска 2014 година. Германија го чека поуспешниот од мечот Шпанија - Србија во четвртфиналето.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share