hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонската федерација побара одлагање, кое експресно беше одбиено

mkd 19

Вечерва околу 20 часот, експедицијата на македонската ракометна репрезентација пристигна во Барселона и веднаш се смести во својот хотел без да го одржи предвидениот тренинг.

Ракометната федерација на Македонија со официјален допис побара од ИХФ и од организаторот на Светското првенство во Шпанија одложување на осминафиналниот дуел со Германија поради проблемите со патувањето до Барселона, но ИХФ не дозволи. Челниците на нашата федерација побарале одлагање на натпреварот со Германија за в понеделник поради тоа што Македонија целиот денешен ден го изгуби во транспорт од Севилја до Барселона, ракометарите се уморни и не одржаa тренинг на кој ќе се направат последните комбинации пред осминафиналето. На таа тема бил одржан и состанок со Хасан Мустафа, но барањето е одбиено без одобрување.

Share