hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: Ликот на исландскиот селектор кажува многу работи

island trener

Како никогаш цела една недела натпревари во Б групата на Светското првенство во Севиља, прес-центарот не бил така исполнет како за време на вчерашниот натпревар, меѓу Франција и Германија. Додека Катар и Исланд привршуваа во „Сан Пабло„ арената, мислите на скоро сите беа свртени кон натпреварот во Барселона. Кога исландскиот селектор Арон Кристијансен влезе во прес-центарот и се подготвуваше за прес-конференцијата, ја забележа цела новинарска „фела„ стручните коментатори, меѓу нив големиот Ларс Кристијансен, и волонтерите како ја следат завршницата. Иако некој ќе каже дека сеедно е со кого ќе играше меѓу Франција и Германија, реакцијата на Кристјансен дава многу одговори. Луто реагираше на последната пропуштена шанса на французите да играат за реми и незадоволен замина на прес-конференција. Без дилеми во плановите имаше многу повеќе желба да игра со Германија, а не со Франција.

 

Share