Иако првите коментари околу нашиот противник во осминафиналето се еуфорични, првиот помошник на селекторот Андон Бошковски ја смирува атмосферата. „Овој селектор со германската репрезентација во младинска категорија стана светски првак пред две години во Солун. Имаат одлична смена на генерации, која на овој турнир веќе неколку пати ја следев. Со помош на нашиот скаутинг систем комплетно ќе ја обработиме Германија во наредните два дена и ќе се обидеме да ја елиминираме„ ни рече десната рака на Шундовски. Видно беше задоволството на членовите на нашиот стручен штаб веднаш по мечот, но сите цврсто стојат на нозе и веруваат дека ако некој може многу да загуби на овој меч е нашиот противник, Германија.