hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Сладок пораз, кој не води на Германија во осминафиналето

kire 18

23 Светско првенство - Шпанија 2013

Б група (Севиља)

Данска - Македонија 33:30 (13:14)

Втор пат во една година, јануарската пресметка со Данска за нас е витална за понатамошниот тек на првенството. Сепак на загревањето на нашите ракометарите стигна веста за победата на Германија над Франција во А групата, што драстично ги смени нашите планови. Така првите три напади не ги реализираа ни едните, ни другите. Мелгард го отвори резултатот, пред капитенот Лазаров да израмни. Борко Ристовски собра одбрани во првите 9-10 минути. Во игра гол за гол, погодија и Сондергард и Мортенсен за Данска и Стоилов и Ангеловски за Македонија. Филип Лазаров во 12 минута ни донесе за прв пат +2, а потоа Манасков и +3. Ако стартот беше во знакот на голманите, точно на средина од првиот дел се разбудија Кирил Лазаров и Микел Хансен за 5:7 во 16 минута. Брзите контри на скандинавците за неполна минута им донесоа реми. Мортенсен и Свен Хансен погодија за тајм-аут на Шундовски при 7:7. Филип Лазаров со фантастична дијагонала ни носи ново водство во 20 минута (7:8). Но данците со нивната молскавична игра пак прават пресврт и Ласе Свен Хансен со гол од крилна позиција го враќа водството кај нашиот противник (9:8). Откако Н. Мојсоски и Филип Лазаров со цепелин ја надмудрија противничката одбрана во 24 минута веќе беше 10:10. На одличната форма на Филип, се придодаде и Кирил Лазаров кој со третиот гол ни донесе 11:12. На две и пол минути до одморот Лауге од чекор низ зоната израмни на 13:13. Првиот дел го завршивме со лошо организиран позционен напад и удар на Маркусен во пречата за наше минимално водство од 13:14.

Вториот дел со гол го отвори Каспер Сондергард по само 20 секунди. Кирил Лазаров го фати на „спиење„ Ландин и со својот петти гол ни носи 14:15. Филип Миркуловски не се ни израдува на првиот гол и Мелгард врати на -1. Линдберг и Лауге ја доближуваат Данска на 17:18 во 36 минута. Дури тогаш следеше првото исклучување на средбата на Нодесбо и голот на Георгиевски за +2 за нашиот тим. Дејан Манасков максимално ја искористи бројчената предност и по втор пат ни донесе три гола предност за тајм-аут на Вилбек. Откако црвените се комплетираа, Сондергард и Егерт намалија на -1 во 39 минута. Веќе долго време голманите не можеа ништо да одбраната и Наумче Мојсоски со дијагонала погоди за 19:21. По трет пат во мечот, нашите момци вратија три разлика со голот од контранапад на Велко Марковски (19:22). Тогаш по исклучувањето на Манасков, данците нанижаа два гола и Хансен и Мелгард се доближуваат до 21:22. Тогаш и високиот Ландин го „прочита„ лобот на Кирил Лазаров од седум метри. Играта со лоши одбрани ја казни Ацо Јоновски со гол од контранапад за +2 за Македонија. Во игра пет на пет во поле, Мојсоски и Егерт погодуваат за исто резултатски растојание, а веќе мина половина од вториот дел. По долго трагање, данците преку Тофт Хансен од контранапад, израмнуваат на 24:24. Мини-серијата на ракометарите на Вилбек ја комплетираше Лауге за прво водство во вториот дел на европскиот првак. Нашата игра остана без идеа во нападот и Ханс Линдберг со гол за 26:25, го принуди Шундовски на тајм-аут. Интенцијата на средбата водеше на „млинот„ на данците и Сондергард погоди за +2, а Јаник Грин му „скина„ зицер на Георгивски. Хансен брзо казни и со серија 7:3 во неполни 5 минути, Данска побегна. Дури и Кирил Лазаров не реализира втор седмерец по ред, што многу ретко му се случува. Откако примивме 3-4 врзани гола, Филип Лазаров од крилна позиција, намалува на 30:26. Димовски и Миркуловски враќаат надежи во 57 минута со голови за -3. Кога Митревски одбрани зицер, Гоце Георгиевски од контра намали на 31:29. Мини серијата на Македонија ја прекина нововлезениот Шпелерберг и со голо за 32:29 ја потврди победата на Данска. Втор пораз на македонската ракометна репрезентација, во слободен натпревар, во кој скоро никој нема премногу да тагува за поразот од 33:30 од европскиот првак Данска.
Во нашиот табор Кирил и Филип Лазарови постигнаа по 5 гола. Кај победничката данска селекција, 5 гола на Хансен и 6 на Сондергард и одличен финиш за затворање на групната фаза без маана за момците на Вилбек. Македонија Б групата ја заврпи како четвртопласирана и ја исполни и втората цел, која по квалификација во осминафиналето, значеше и избегнување на Франција. Утре изутрина репрезентативците на Македонија патуваат за Барселона, а во вечерниот термин ќе го имаат првиот тренинг пред осминафиналето. Со Германија во борба за четвртфинале ќе играме в недела од 15:45 часот.

Share