На своето прво учество на светските првенства, младото крило Дејан Манасков одигра фантастично второ полувреме, во кое малку недостигаше на своето конто наместо 4 да има 6 гола.
Имено два гола во финишот му беа поништени заради престап „Којзнае можеби и ќе победевме ако ми беа признаени тие два гола. Ќе видиме што ќе каже видео снимката. Сепак и вака сум многу задоволен и ова реми многу ни значи„ рече Манасков во микс зоната по мечот. Ракометарот на Металург исто така потврди дека колегите и неговиот татко Пепи исто така му помогнале да се вклопи во амбиентот и да стане незаменлив дел од националната репрезентација. Очигледно во младиот Манасков, нашата репрезентација добива одлична замена за легендарниот Стевче Алушовски.