Нашите навивачи ги има од сите страни на татковината и од европските земји. Во текот на вчерашниот ден пристигна група на навивачи од Кочани, одлично стилски облечени во нашите национални бои и силно возбудени што далеку од својот дом и тие ќе ја претставуваат Македонија. Интересна беше и нивната приказна околу патувањето и импресиите од Севиља, како и за плановите до кога да се остане со црвено-жолтата ракометна експедиција.