hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Исланѓаните знаеа како со Лазаров

islangani

По завршувањето на средбата Македонија - Исланд разговаравме со ракометарите од победничкито табор Карл Кристијан Кристјансон и Гудјон Валур Сигурдсон. Двајцата констатираа дека одбраната и стратегијата врз Лазаров била клуч на победата. „Најдобриот играч на Македонија погодуваше само од седмерци.

Кога го имавме и нашиот голман Густафсон на ова ниво, невозможно беше да не победиме. Мислам дека тоа беше најважниот детал за победата на нашата репрезентација. Ако играме вака во одбрана можеме многу до крајот на турнирот„ ни рекоа еден по друг двајцата исландски ракометари. Овој вториот, Сигурдсон од Кил еден од најдобрите ракометари на својата позиција на планетата.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share