Стружанецот Наумче Мојсоски беше замокритичен по завршувањето на мечот и јасно ја пронајде нашата слаба страна во мечот. Не беше лесно да се погоди дека организацијата на нападот и играта против 6-0 формација беше нашата најголема болка.
Кога првиот гол во првото полувреме ќе го постигнете во 9,а во второто полувреме во 10 минута од почетокот, не можете да барате успех против една сериозна репрезентација како Исланд. Тоа го знае и искусниот плејмејкер на Металург, но порачува дека сега приоритет на оваа група ракометари е да се одморат и подготват за четвртиот натпревар во групата. Победа над Русија на Кулешов може да залечи многу рани и да се избегне Франција во осминафиналето се уште не е невозможно.