Капитенот на нашата репрезентација во овој меч влезе со 17 гола и 9 асистенции, но очигледно исланѓаните целата тактика во одбраната ја подредија на сопирање на нашиот најдобар ракометар.
На моменти беа и груби како Арон Палмарсон во второто полувреме. 32 годишниот ас истакна дека поразот е заслужен и дека офанзивно нашата репрезентација потфрли. Сепак утре е нов ден и не треба да заборавиме дека против големата Русија сме знаеле да се надминеме себе си. Така во 1998 година игравме нерешено на Европското првенство во Италија, а во 2009 година во Вараждин дури и ја совладавме големата ракометна сила. Зошто да не биде така и утре од 15:45 во Севиља.