Сигурно веќе го забележавте на сите ТВ преноси во последните неколку години кога игра македонската ракометна репрезентација. Неговото име е Даниел, доаѓа од Швајцарија заедно со друштво од девет члена и како и на последните големи манифестации и во Севиља со препознатливиот лик обоен во црвено-жолто ја бодри Македонија.
Даниел ни раскажува дел од почетоците на својата пасија кон татковината и мотивацијата која го прати насекаде да биде каде што играат нашите ракометари, без разлика дали се во клубски или репрезентативен дрес.