hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Исланд помалку грешеше, прв пораз за Македонија

mkd island copy

23 Светско првенство - Шпанија 2013

Б група (Севиља)

Македонија - Исланд 19:23 (10:10)

На трибините во „Павиљон Сан Пабло„ израмнет натпревар на македонските и исландските навивачи. Фаворитската улога им ја препуштивме на нашите стари должници од повеќе од една деценија ривалство на ракометните терени. Мечот го почнавме нервозно и покрај брзината на циркулацијата на топката на исланѓаните, проблеми ни создаваше и одбраната на скандинавците. Имено избраниците на Кристјансон играа стриктно на Лазаров, внимаваа на Н. Мојсоски, па минаа првите пет-шест напади во кои погодуваа само Палмарсон, Сигурдсон и останатите (0:4) Шундовски не ризикуваше и веднаш повика минута одмор во раната фаза. Нашиот прв гол беше дело на Наумче Мојсоски на истекот на деветта минута, а потоа со два гола од контри по одбраните на Борко Ристовски, младиот Манасков намали на 3:5. Во 14 минута по исклучувањето на Халгримсон, фативме приклучок со седмерецот на капитенот Лазаров, па имавме и два напади за реми, но наместо тоа, Олафсон и Сваварсон го одлепија Исланд на 4:7. Во свој стил во пад, кружниот напаѓач на Вардар, Стојанче Стоилов погоди два пати за -2. Нашиот голман со серија на одбрани не врати во резултатски приклучок и Миркуловски со првиот гол и Стоилов со својот трет, во 25 минута донесоа 8:8. Но набрзо направивме брзоплетости на двете страни од полето за игра и Валур Сигурдсон од седум метри и Олафсон од контра, на Исланд му донесоа 8:10. Но во последните три минути по второто исклучување на Халгримсон, нашиот најрасположен играч Стоилов и Миркуловски на половина минута до одморот стигаат до 10:10. Борко Ристовски со 9 интервенции, не одржа во живот во „турболентните„ први 30 минути.

На стартот на второто полувреме не искористивме два напади за прво водство и Сваварсон и Палмарсон на Исланд му донесоа 10:12. За нашите невољи да се зголемат се погрижи Густавсон со нова одбрана, па исклучување на Стоилов и седмерец на Олафсон за +3 за Исланд. Минуваа минутите без постигнат гол и на почетокот на вториот дел и само Борко Ристовски не одржуваше во живот. Кога Арон Палмарсон погоди во 37 минута Исланд пак имаше 4 разлика исто како на стартот на првиот дел. Затоа Шундовски побара тајм-аут во раниот период и во второто полувреме. Конечно малерот го скрши Ванчо Димовски на почетокот на 10 минута од вториот дел за 11:14. На голот на Мојсоски, возврати Валур Сигурдсон со два седмерци и пак 4 разлика за нашиот ривал. Во наредниот напад, Палмарсон направи груб прекршок врз Лазаров, кој половина минута подоцна погоди прв пат од игра за 13:16. Никако не воспоставивме спокој во нашата организација на нападот и Палмарсон за прв пат донесе +5 за противникот во 48 минута. Нашиот црн период го прекина Велко Марковски со првенецот на овој меч за 14:18, па Манасков го принуди Кристјансен на тајм-аут при 3 разлика за Исланд. По продолжувањетона мечот Халгримсон од тешка позиција врати 4 разлика, па Манасков стана најефикасен во нашиот табор за 16:19. Кирил Лазаров врати надеж со третиот гол и на пет минути до крајот бркавме 3 разлика. Но сино-белите со манир на искусна репрезентација играа стабилно во одбраната и долг напад до гол за дефинитивна победа. Олафсон и Сваварсон ја завршија работата за 17:22. До крајот Манасков и Лазаров погодија брзо за -3, но пак тајм-аут на противникот на 99 секунди до крајот. Така „рибарите„ пак не фатијаво нивната „мрежа„ за дефинитивни 19:23. Секоја чест за нашите навивачи и нивното достоинствено навивање и покрај поразот.

Во нашиот табор Ристовски одличен со 17 одбрани, Стоилов добро ја искористи својата минутажа, како и Манасков, а кај скандинавците голманот Густафсон, Валур Сигурдсо, Олафсон и Палмарсон ја покажаа својата класа. Пак тој Исланд како пречесто во минатото беше кобен за нашата селекција. Во меч со многу обострани грешки и големи негативни амплитуди кај нашиот тим, поразот беше неминовен. За нас прво напуштање со наведната глава на „Павиљон Сан Пабло„ и мора овој меч побрзо да се заборави за да се „ресетира„ организмот и мозокот за големата Русија утре од 15:45 часот.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share