Вчера и денес преку Бергамо, пристигнаа нов бран на македонски навивачи, главно од Скопје. Маглата во главниот град ја заменија со шпанското сонце и локалното пиво. Во импровизираната фан-зона тие се „загреваат„ неколку часа пред почетокот на мечот со Исланд. Се подготвуваат и со оптимизам ги очекуваат последните мечеви во групата за преселба во Сарагоса или Барселона. Тие пренесуват и како во татковината се гледаше на првите два натпревари.