Рутенка со 20 гола на 2 меча го мина Лазаров
Нашиот капитен Кирил Лазаров не се преокупира со изгледот на листата на стрелците, но не навикна сите да фрлиме поглед на нејзиниот изглед. Ракометарот на Барселона Сергеј Рутенка беше убедливо најдобриот играч во својот национален тим и за 30-тина минути колку мина на теренот постигна 11 погодоци што е рекорд на еден натпревар на Светското првенство.
Рутенка сега по две одиграни средби има вкупно 20 постигнати погодоци со што го мина нашиот „бомбардер" Кире Лазаров кој досега постигна 17 голови. Со оглед на постигнатото на останатите ѕвезди на првенството може да се случи приматот барем во групната фаза да се води токму помеѓу Кире и Рутенка. Нашиот репрезентативец може да биде во предност бидејќи Македонија веќе обезбеди пласман со две победи во осминафиналето финалето додека Белорусија е се уште на почеток по стартните два порази и може предвреме да си замине дома.