hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија со најдобар процент во напад на турнирот (74%)

lazarov

Статистиката често знае да даде многу одговори, околу тоа како игравме до сега. Но често знае и да не залаже. Таа на овој турнир досега покажува дека нашите ракометари играат одлично во нападот. На дуелот со Чиле, нашите ракометари постигнаа 30 гола од 42 обиди, а со Катар имавме реализација од 34 гола од 44 обиди. Вкупно гледано, тоа се 64 голови од 86 обиди или огромен процент на реализација од 74 отсто. Само за споредба, втора на листата е европскиот првак Данска која има 70 проценти реализација. Кога ќе се погледнат поединечните статистики, стоотстотен учинок со Катар имаа Дејан Манасков (6-6), Никола Марковски и Филип Лазаров (2-2), Велко Марковски и Ванчо Димовски (1-1), но затоа пак Лазаров имаше учинок (9-10), Наумче Мојсовски (6-8), Стојанче Стоилов (3-4), Владимир Темелков (2-3) Со Катар максимална ефикасност имаа Стоилов (4-4), Никола Марковски (2-2), Гоце Георгиевски (2-2), Бранко Ангеловски и Велко Марковски (1-1).

Share