Еден од најдобрите на мечот со Катар, стружанецот Наумче Мојсоски потврди дека и покрај тренинзите и подготовките на 3-3 одбраната на Катар, тоа било клучниот детал за враќањето на противникот во мечот. Но ракометарот на Металург ја велича вербата во себе на оваа генерација на ракометари. Тој вели дека ако по мечот со Чиле, селекцијата не можеше никого па победи, сега се издигна да покаже колку може. Сега без притисок полесно ќе биде со Исланд, Русија и Данска веројатно во борба за подобра позиција за осминафиналето.