hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Победен Катар, Македонија гледа кон осминафиналето

kire spo spanija 1

23 Светско првенство - Шпанија 2013

Б група (Севиља)

Катар - Македонија 30:34 (13:21)

За разлика од настапот на воведниот натпревар, нашите ракометни асови како да ја искористија преспиената ноќ да ги најдат одговорите на многуте непознаници од мечот со Чиле. Селекторот Шундовски се одлучи да го сврсти Темелков во ростерот за сметка на Златко Мојсоски.

Но за разлика од мечот со Чиле не требаше да се менуваат ракометари, туку да се смени пристапот кон мечот. Така и беше видливо од самиот старт дека против Катар, нашите момци не ги сменија само дресовите од црвено-жолти во бело-жолти туку го сменија и чипот во главата. Впрочем не можеа послабо од првиот натпревар. Агресивната одбрана ни понуди многу лесни голови. Така В. Марковски, Манасков и капитенот Лазаров уште во третата минута донесоа 0:3 за нашиот табор. Ристовски стабилно почна на голот, а агресивната одбрана на словенецот Мачек врз Лазаров, не само што не „запали„ туку доби контра ефект. Така ракометарот на Атлетико Мадрид лесно излегуваше од маркатурата и со уште два гола го принуди катарскиот селектор на тајм-аут при 3:8. Изостанаа нашите безсмилсени технички грешки и секој наш напад имаше одредена цел и идеа. Така на половина полувреме со првенецот на Никола Марковски и петтиот гол на К. Лазаров, водевме со 5:11. Кога и Манасков од контра го совлада Јафаи веќе беше 6:13 во 17 минута. Кон забавата се приклучија и Филип Лазаров и Никола Марковски, а не дојде ни 20 минита и Дејан Манасков ја донесе првата двоцифрена разлика (6:16) За прв пат катарците врзаа два гола во 23 минута кога Мадади намали на 8:16 во 23 минута. Мачек ја смени одбраната во 4-2, а на моменти тоа личеше и 3-3 одбрана со огромна доза на ризик. Димовски прв пат погоди за 9:17 во 25 минута. Умртвен беше ефектот со смената на одбранбената формација и Темелков и Кирил Лазаров пак вратија на +10 (9:19) Имаше уште три минути до одморот, а Борко Ристовски лансираше контра за Левов и неговиот првенец на мундијалот за 11 разлика. Скоро па перфектно прво полувреме, кое не го расипа ниту голот на Мадади со звукот на сирената (13:21).

Стојанче Стоилов и Наумче Мојсоски ни потврдија дека нашите ракометари нема да ја повторат истата грешка од мечот со Чиле. Нови брзи два гола на стартот на второто полувреме за 14:23. Брзо следеа два гола на Ахмед Абделак за спуштање на дистанцата на 7 гола. Но Никола Митревски веднаш влезе во ритам на нашиот гол и собра 3 интервенции за 6 минути. На головите на Наумче Мојсоски, одговараше Осман и во 39 минута ги имавме најприсутните 7 гола разлика (18:25) Кога во 42 минута и Гоце Георгиевски го постигна својот прв гол, Македонија го доби 11 стрелец на средбата и Мачек побара тајм-аут за 18:26. Но брзо катарците се созедоа и со два-три гола со инвидуалности на Буменжекл спуштија на 20:25 на половина од вториот дел, за минута одмор на Шундовски. Капитенот Лазаров со својот седми гол, ја разбуди „Фалангата„ но и соиграчите кои помислија дека е готово а имаше уште многу до крајот. Така полуконтранападот на Осман во 47 минута го доближи домаќинот на наредното Светско првенство на само 4 гола.

falanga1 golema

Нашата игра во одбрана стана непрепознатлива и сами ја вративме самодовербата на противниците. Рамазан со гол од чекор намали на 25:28, три пати по ред не погодија нашите крилни ракометари и алармот беше вклучен во 50 минута кога Мадади постигна гол за - 2. Веднаш по тајм-аутот на Шундовски мобилизација и Стоилов и Кирил Лазаров не вратија до помирни 26:30. Катарците се вратија на 3-3 одбраната и освоија многу топки. Тогаш Борко на голот "„скина„ три зицери и Темелков погоди за 27:31 во 55 минута. Седмиот гол на стружанецот Наумче Мојсоски како да ги победи сите стравови, бидејќи имавме +5 кога Мачек повика тајм-аут на 4:06 до крајот. Јафаи и Ристовски се разбранија како мечот завршуваше, а Манаков на петте гола од првиот дел, додаде уште еден за одлука (23:28) До крајот само рутина за победа од 30:34 и подотворање на вратата од осминафиналето.

Во нашиот табор Кирил Лазаров постигна 9 гола, Наумче Мојсоски и Дејан Манасков придодадоа по уште шест, но целиот колектив со 12 стрелци ги дели заслугите за втората победа на мундијалот.Следува првиот слободен ден во Б групата, кој утре нашата селекција ќе го искористи за тренинг, прв пат во „Павиљон Сан Пабло„ и потоа подготовка за мечот со големата Русија во вторник.

Комплетниот извештај на натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share