ФОТО+ВИДЕО: Фалангата уморна и без сон не ги напушта ракометарите
Иако Севиља не беше најдостапна, иако е многу далечна, љубителите на ракометот од нашата земја и оние кои живеат во европските земји, уште еднаш покажаа зошто „Фалангата„ нема рамна на себе кога е во прашање ракометната пасија. Безброј откажувања, комплицирани летови, непреспиени ноќи, скапи аранжмани - ниту тоа не ги спречи нашите верни навивачи на различен начин да допатуваат во Андалузија.
Сите имаат различни стории, доживувања и згоди и незгоди, но имаат и нешто заедничко: сите се уморни, но и покрај тоа непрестанато ја бодрат својата татковина. И кога ќе затаат ракометарите, и кога ќе имаат лош ден, тука е „Фалангата„ да потврди дека ракометот е наш национален спорт и вреди да се тежнее да остане така и во иднина.