Неговиот татко беше ударна игра пред 14 години на Светското првенство во Египет. Сега Дејан Манасков вртоглаво напредува во формата и квалитетот, но откри дека по натпреварот со Чиле чувствува замор.
Исто така откри дека поискусните соиграчи му помогнале кога тоа најмногу му требало „Благодарен сум им на поискусните колеги кои што ме советуваа, ми помогнаа да се опуштам, па во вториот дел можев да го прикажам она што го знам и умеам. Иако игравме далеку под своите можности, сепак најважно е што победивме и што со триумф ги почнавме настапите на овој шампионат" рече меѓу другото младиот Дејан Манасков на својот прв натпревар на светските првенства.