Битолчанецот кој долги години е во нашата репрезентација Бранко Ангеловски целосно го анализираше првиот натпревар на Светското првенство и се насочи на наредниот. Ракометарот на Констанца знае дека од првиот меч со Чиле освен резултатот не може ништо повеќе да се извлече, и дека треба да се соземе секој поединечно, како и тимот во целина. Катар е посилен ривал од Чиле и веројатно не постои никаква шанса да биде потценет.