hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Треперевме 60 минути, но совладан е Чиле со многу мака

mkd cile 12 03 999 copy

23 Светско првенство - Шпанија 2013-01-12

Б група (Севиља)

Македонија - Чиле 30:28 (12:10)

Во полупразен амбиент во „Павиљон Сан Пабло„ и неколку стотици членови на фалангата направија одличен амбиент на првиот меч од Б групата. Нашиот почеток беше нервозен како и скоро секогаш на првите мечеви на големите натптреварувања. Наумче Мојсоски прв ја превзеде иницијативата и изнуди два седмерци во првите три мунути. Ако првиот Рене Олива му го одбрани, вториот нашиот капитен го претвори во водечки гол. Кога Ристовски се разбрани на голот, брзо во нападот Никола Марковски од линијата од шест метри зголеми на 2:0. По 4 минути и 20 секунди првиот гол за Чиле беше дело на Емил Лудвиг Фечман.

По неколку технички грешки, Ангеловски погоди за 4:2, но брзите јужноамериканци со голови на Дел Рио и Маурин и исклучувањето на Јоновски „покажаа заби„ (4:4). Нашиот најцрн период беше комплетиран со четири последователни гола за аутсајдерот во Б групата и Ервин Јан Фечман и Родриго Салинас носат 4:6. Бројот на неизнудни грешки растеше и капитенот Лазаров со својот гол ја прекина серијата од 5:0 на противникот (5:7). Конфузијата ги зафати двете страни во централната фаза и Георгиевски и Н. Мојсоски не доближуваат до 7:8. Нашиот позитивен момент го заокружи Миркуловски и во 20 минута веќе беше 8:8. Ако во средината на полувремето примивме 5 гола, во завршната фаза нанижавме 4 гола во серија за ново водство (9:8) Родриго Салинас со својот четврт гол го прекина постот од 6 минути без гол на Чиле. Нашата игра пред се во организацијата полека го наоѓаше вистинкиот ритам. Во 27 минута при +1, Шундовски побара тајм-аут, а веднаш по него Олива му „скина„ зицер на Н. Мојсоски. Но Георгиевски од контра донесе +2 и Лазаров од казнен удар 12:9, но на 7 секунди до одморот чиленаците преку Доносо на одмор одат со -2.

Второто полувреме започна со гол на Наумче Мојсоски за 13:11, па „бомба„ на Лазаров за +3 за прв пат на натпреварот. Капитенот ги повлече останатите и со гол од контра зголеми на 15:12. Битолчанецот Митревски на голот и младиот Манасков составија контра во два потези за прв пат да имаме 4 разлика во 37 минута. Конечното изгледаше дека го скршивме отпорот на чиленците, бидејќи минута подоцна Митревски одбрани седмерец, а Лазаров и Манасков ни донесоа комотни 18:12. Најдобриот наш ракометар полека ја исполнуваше својата доза на голови и со седмиот погодок од седмерец ни донесе 19:13. И Манасков во вториот дел како да ги намести нишанските справи и пак на асистенција на Митревски погоди за 20:14.

Но во натпревар без одбрани за 3 минути двете екипи постигнаа по три гола за Естебан Салинас да ни се доближи до 21:19 во 44 минута за тајм-аут на нашиот селектор. Но и по минутата одмор нашите брзоплети напади го вратија противникот во мечот и Мартинез се доближи на само -1. Стојанче Стоилов со два гола не одржуваше во водство и покрај исклучувањето на Манасков (23:22). Тогаш Филип Миркуловски и Велко Марковски со два врзани гола ни носат +3 во 50 минута. Како нашата игра да беше подредена на амплитуди, па пак дојдоа позитивни момент со нов два гола на Манасков за 27:23. Но пак го вративме тимот на аргентинскиот стручњак Чапуро во мечот и Емил Лудвиг Фечман на 5 минути до крајот намали на 27:25. По тајм-аутот се смирија нашите ракометари и Лазаров со својот осми гол донесе 3 разлика. Мораше да се трепери до самиот крај, како скоро секогаш кога игра Македонија. Наумче Мојсоски и голманот Митревски го вратија срцето на место, но од контра Харалд Фечман ги доближи белите на 29:28 на неполни две минути до крајот. Сепак Лазаров и Мојсоски подготвија акција за +2 на 50 секунди до крајот. Се испотивме за да ја завршиме првата половина од таканаречената „домашна задача„ во групната фаза. Во нашиот табор капитенот Лазаров стрелец на 8 гола, а кај Чиле браќата Фечман, Салинас кој даде 8 гола и голманот Рене Олива оставија одличен впечаток. Така по победата над Саудиска Арабија во 1999 година во Египет и поразот од Тунис во 2009 во Вараждин, Македонија со победа го отвора својот трет мундијал. Утре од 18 часот следува мечот со Катар.

Комплетниот известај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share