Време е да се заборават сите добри и лоши страни во овие повеќе од три недели подготовки на машката ракометна репрезентација за мундијалот во Шпанија. Време е да се остават зад себе одличните подготовки во Пореч, трите контролни средби, тренажниот процес без повреди, широкиот избор на Шундовски.
Време е да се тргне на страна, ако тоа воопшто е можно, перипетијата околу пристигнувањето на експедицијата во Андалузија. Време е бидејќи конечно се игра ракомет и тоа натпреварувачки. Ривал ни е јужноамериканска селекција, а ние немаме позитивен скор со латините на големите приредби.