hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Домаќинот не се ни испоти против Алжир

rivera

Шпанија - Алжир 27:14 (14:5)

Преку 12.000 гледачи во „Каха Махика„ во Мадрид присуствуваа на мечот на отворањето на Светското првенство во ракомет кое се одржува во Шпанија. Токму домашната репрезентација, очекувано не дозволи изненадување во мечот со аутсајдерот Алжир. Податокот дека фуријата прими само пет гола во првото полувреме, доволно говори за разликата во квалитет. Голманот на ПСЖ, Хозе Мануел Сиера од самиот почеток покажа дека е расположен и со серија на интервенции ги сопре ривалите. И без неколку стандардни репрезентативци кои заради повреди не влегоа во официјалниот ростер или се чуваат за наредните средби, Шпанија беше најмалку за класа над противникот.

 

Пивотменот Агинагалде кој е соиграч на Лазаров од Атлетико Мадрид и брзото крило Виктор Томас ја направија разликата двоцифрена и само прашање беше кој ќе биде конечниот резултат. Самир Кербуш на голот на Алжир со серија на одбрани на почетокот на вториот дел ги разбуди своите, но тоа беше премалку за нешто повеќе од чесен пораз. Со дури 18 загубени топки, голем дел од нив во второто полувреме, Алжир падна на -14 во 48 минута од мечот. Македа, Алберто Ентрериос и Канељас со серија на голови ги поставија конечните 13 разлика за „црвената фурија„ Голманот на Шпанија Сиера со 11 интервенции, Томас со 8 и Агинагалде со 4 гола најистакната во перфектниот мозаик на Валерио Ривера. Алжир кој во вистинско светло треба да го очекуваме на наредните средби, го исфрли Мохамед Аскри Мокрани со 4 гола како најдобар поединец во поразениот состав. Првиот натпревар на мундијалот ги оправда очекувањата и спектаклот во главниот град не изостана. Утре нова серија на мечеви во А и Б групата и првите емоции за македонската репрезентација.

Share