Позната тренинг сатницата во Севиља
Организаторот на Светското првенство веќе ги одреди и официјалните термини за тренинзите на репрезентациите кои ќе учествуваат на мундијалот. Во Б групата во Севиља, Македонија ќе има 8 тренинзи, од кои пет во малата „Пино Монтањо„ арена и три во големата „Сан Пабло„ каде ќе се играат и сите 15 меча од групата.
Само еден тренинг е попладневен, а сите останати се утрински. Избраниците на Шундовски ќе тренираат секој ден, а на располагање имаат четири термини од по 80 и четири од по 50 минути на денот кога се играат и натпреварите.
Петок 11.01. - 09:30 - 10:50 часот „Пино Монтањо„
Сабота 12.01. - 09:30 - 10:20 часот „Пино Монтањо„
Недела 13.01. - 10:30 - 11:20 часот „Пино Монтањо„
Понеделник 14.01. - 19:30 - 20:50 часот „Сан Пабло„
Вторник 15.01 - 10:30 - 11:20 часот „Сан Пабло„
Среда 16.01 - 09:30 - 10:20 часот „Сан Пабло„
Четврток 17.01. - 09:30 - 10:50 часот „Пино Монтањо„
Петок 18.01. - 09:30 - 10:50 часот „Пино Монтањо„