hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО+ВИДЕО: Осминафиналето реалност, но сакаме и можеме повеќе

slika 3

Селекторот Шундовски, заедно со капитенот Лазаров и младиот Дејан Манасков на последната прес-конференција пред патот за Шпанија, изразија оптимизам за остварување на резултат од кој што ќе бидат горди сите Македонци. Првата цел секако е пласман во осминафиналето, а потоа ќе следи и битката за место поблизу до светскиот ракометен врв.

„Во последните 3-4 години сме успешни како репрезентација па тоа и не прави фаворити на дуелите со Чиле и со Катар. Но, да не се опуштиме прерано. Менталитетот не ни дозволува да се опуштиме и да кажеме дека Чиле и Катар се веќе победени.

slika 1

Иако сме многу блиску до победатал. Затоа ни треба сериозен однос, доколку сме паметни, и ако од првата минута го дадеме максимумот, ќе можеме тоа да го искористиме за што посвежи да влеземе во последните три меча, со европските селекции. Тоа е битно за да можеме со поголеми шанси да се им спротистваиме на Исланд, Русија и Данска. Нема да калкулираме, од првата минута ќе одиме со најдоброто од нас. Но треба да внимаваме да не потрошиме многу снага, а во исто време да задржиме свежина. Во минатото сме имале еден, двајца, најмногу тројца играчи од кои се очекуваа голови и добри игри.

slika 2

Сега има и други – тука се Манасков, Георгиевски, во Никола Марковски добивме трет пивот, тука е и Милан Левов, за Столе Стоилов може да кажам дека е веќе стара гарда. Добивме на ширина во репрезентација, па ќе може и ние постарите да се штедиме, но не да калкулираме. Сега, како капитен имам поголема сигурност од таа што ја имав пред ЕП во Србија. Сега знам дека ако немам добар ден, не можам да дадам тоа што се бара од мене, имам во позадина соиграчи што тоа можат да го направат. Порано не беше така, тука ја гледам нашата предност. Само е битно коцките да се склопат и да одиме чекор по чекор и да бидеме подобри од меч во меч" вели Лазаров.

slika 4

„Како репрезентација размислуваме позитивно и одиме во Шпанија да направиме еден добар резултат. Одработевме добри подготовки, задоволен сум од прикажаното на тренинзите и на трите контролни натпревари. Веќе почнавме со анализата на првите два противници, подготвени сме за тој предизвик и се надевам дека ќе дојдеме до две победи со што ќе си ги отвориме вратите за следната фаза. Реалност е да се стигне до осминафиналето, но ние сме оптимисти и имаме желба да стигнеме што подалеку, да се бориме за медал. Репрезентативците се и физички и психички подготвени за ова големо натпреварување, знаеме што не очекува, дека македонската јавност има големи очекувања од нас и можам да ветам дека максимално сериозно ќе пристапуваме кон секој натпревар за да им донесеме радост на нашите верни навивачи" истакна селекторот Звонко Шундовски.

slika 5

„На контролните средби одигравме квалитетно. Селекторот ги увиде нашите грешки, што треба да се поправи во следниот период. Сега ни следат неколку дена за подготовки пред средбите со Чиле и Катар, кои што се многу важни бидејќи со тоа си го осигуруваме пласманот во следната фаза. Можам да ветам дека ќе го оставиме срцето на терен, се со цел да стигнеме до што повеќе победи и да оствариме што подобар пласман" рече младиот крилен ракометар Дејан Манасков.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share