hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Скандинавското дерби за Шведска

swedska - island

Шведска - Исланд 31:29 (14:15)

3722 гледачи во „Хелсинборг арената„ имаа можност да видат спектакуларен натпревар во кој со пресврт Шведска го доби нашиот противник во групата во Севиља, Исланд. Никлас Екберг добро го отвори мечот за 5:3 за олимпискиот вицешампион од Лондон. Но исланѓаните со добра игра во одбрана направија серија 8:3 и побегнаа со водство се до одморот. Фредрик Петерсен и Арон Палмарсен беа шутерски расположени кај нашиот старт познаник. До одморот младиот Теландер предизвика „будење„ кај жолто-сините од 9:15 до 14:15 за само 1 разлика за „рибарите„ на полувреме.

Домашната репрезентација со одличниот Паличка на голот одлично го отвори второто полувреме и пак Екберг од Кил влезе во позитивен момент и со два гола од контра донесе 20:18 за Шведска. Тогаш Гунарсон и Палмарсен на два пати го донесоа Исланд до израмнување. Во самиот финиш Снори Гудјонсен намали на 29:28, па Ду Риц од чекор врати на +2, пред пак исланѓаните да реагираат со нов гол со човек помалку на Арнор Гунарсон (30:29). Во последниот напад на средбата Даниел Теландер го постави конечниот резултат во полза на Шведска, која во ист ритам ги одигра и претходните два теста со Германија. За Исланд ова беше прв е единствен тест во новата година пред дебито на мундијалот в сабота со Русија од 18:00 часот.

Share