hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО + ВИДЕО: Иванов ги прими и охрабри ракометарите

prets1

Претседателот на Македонија Георге Иванов денес ја прими македонската ракометна делегација на само неколку дена пред заминувањето за Шпанија. „Медалот што го добивте по ланскиот успех во Србија ве обврзува да играте уште подобро на следните натпреварувања. Ви посакувам среќа на претстојното Светско првенство во Шпанија и ви посакувам да се вратите со медал на градите.Можеби во Шпанија ќе ја немате истата поддршка од трибините како во Србија, но мора да знаете дека сите тука ќе навиваме за вас. Дадете се од себе" Ова се зборови на претседателот Ѓорге Иванов изречени на денешниот прием на ракометните репрезентативци на Македонија во пресрет на нивниот настап на Мундијалот, кој почнува во петок. Капитенот на машката ракоментна репрезентација Кире Лазаров, заблагодарувајќи му на претседателот Иванов за времето кое, како што рече, секогаш го издвојува за нив и за спортот воопшто, истакна дека ќе направат се достојно да ја презентираат Македонија во светот. „Ќе се бориме нема да калкулираме и се надеваме дека на крај ќе се радуваме на нашите успеси„ истакна Лазаров.

Македонските репрезентативци се согласни дека резултат поголем од минатиот на светското првенство, кога освоија 11. место, би бил успех. Сепак се надеваат дека ќе влезат во осминафиналето, а потоа велат се е можно. Филип Миркуловски се надева дека ќе победат на првите два натпревари против Чиле и Катар.„ Доколку ги добиеме натпреварите со една нога сме во осминафинале и ќе бараме победа против една од европските екипи во групата. Потоа доколку влеземе во осминафиналето може да се случи се. Доколку имаме добар или лош ден ќе играме четвртфинале, што ќе биде најголем успех за нас. Мислам дека победата ќе ја бараме со Исланд, која е релативно подмладена екипа, можеби и со Русија. Евентуално со Данска би можеле да бараме одмазда за ланскиот пораз„ рече Миркуловски. Младото крило Гоце Георгиевски, се согласува со Миркуловски дека амбициите се да се помине групата првиот круг. Потоа, додава, во осминафинале да добиеме противник од наш ранг и да се бориме за четвртфинале. „Секој поголем успех од минатото светско првеноство кога македонската репрезентација го освои 11 место, би бил голем успех за нас„ вели тој. Бранислав Ангеловски се надева дека оваа репрезентација, која, како што истакна, ја одликува скромност, ќе покаже дека успехот во Србија не бил случаен. Репрезентативците се согласуваат дека во Шпанија ќе им недостига македонската навивачка фаланга, но сепак, велат знаат дека цела Македонија е со нив. Тие имаат информации дека во Шпанија ќе има околу 150 македонски навивачи.

  • Hits: 2618
  • Hits: 2597
  • Hits: 2649
  • Hits: 2588
  • Hits: 2601
  • Hits: 2610
  • Hits: 2613

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share