hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Русија изненадена, Катар и Чиле со победи го јакнат моралот

rakomet katar - avstrija

Денес скоро сите нашт противници на Светското првенство ги имаа последните контроли. Некои резултати опомениваат, а некои се апсолутно изненадувачки.

Катар - Австрија 32:28 (16:13)

Во последниот натпревар на „Yelow cup„ турнирот во Винтертур, нашиот втор противник на Светското првенство Катар ја совлада Австрија во меч во кој изненадувачки катарците доминираа во текот на сите 60 минути. Дека ремито со Белорусија не било случајност покажа уште самиот почеток на мечот. Абдула Рамазан беше прво име во нападот на Катар и пет пати го совлада Томас Бауер само во првото полувреме. На два пати Катар имаше два гола предност, а со голот на Басел на одмор замина со +3. Во вториот дел Австрија се врати и со серија голови на Папш на два пати израмни 18:18 и 21:21. Но Катар имаше видлива желба за победа и физичката беспрекорност ги доведе ракометарите на оваа земја до победа без треперење во финишот. Мустафа Алсати Алкрат го реши победникот со два гола во финишот. Во катарскиот тим имаше дури девет стрелци, а кај Австрија Ашербауер и Папш постигнаа по 7 гола.

rakomet cile 2

Чиле - Јапонија 30:29 (14:13)

Во последниот натпревар на „Меморијал Доминго Барценас„ прва победа на Чиле на аргентинскиот селектор Фернандо Чапуро. Против жилавите јапонци, јужноамериканците брзо се одлепија до 7:2 и 11:5 и се чинеше дека лесно ќе го добијат мечот. Но во вториот дел јапонците се вратија во игра со серија на голови од контра. На крајот по два порази од преку 15 разлика, Чиле слави минимална победа за самодоверба пред мечот со Македонија за шест дена. Браќата Фечман и Салинас најдобри во победничката селекција.

rakomet portugal - rusija 2

Португалија - Русија 29:26 (11:17)

Во многу чуден натпревар се чинеше дека Русија по втор пат ќе ја совлада Португалија во Лагос, но со завршница во која играше само една екипа, Дуарте донесе триумф на црвено-зелените. Кога во 12 минута Фреитас побара тајм-аут веќе беше 4:11 за Русија. Атман пак добро диригираше, а погодуваа скоро сите руски ракометари. Ни по +6 на полувреме не можеше да се претпостави пресврт, но од 48 минута започна монологот на португалците. Мореира и Диарте постигнаа четири неодговорени голови и во 54 минута веќе беше нерешено. Со игра два пати со човек помалку, избраниците на Кулешов направија премногу технички грешки (вкупно 12 во мечот) и го загубија мечот од контрола до дефинитивен пораз.

Спортска сала „Мунисипал де Лагос„ - Лагос. Гледачи: 1200

Судии: Тиаго Монтеиро и Антонио Тринка (Португалија)

Португалија:

Уго Фереира, Бруно Мореира 3, Тиаго Переира 4, Педро Соља 6, Клаудио Педроза, Давид Тавареш 2, Рикардо Пескера, Хозе Коста, Хуго Лаурентино, Карлос Карнеиро, Дарио Андраде, Рикардо Мореира 3, Фабио Магаљаеш 1, Жоао Фераз 1, Вилсон Дајес 1, Жилберто Дуарте 7, Алваро Родригез, Педро Спинола 1

Исклучувања: 6 минути

Седмерци: 4/2

Русија:

Гримс, Богданов, Шиндин 1, Пишкин 2, Евтокимов 1, Атман 1, Горбок 4, Житников, Растворцев 3, Лешин, Максимов 1, Шишкарев 2, Асланијан 1, Чипурин, Насиров, Шелменко 2, Дибуров 5, Игрипуло 3

Исклучувања: 8 минути

Седмерци: 0/0

rakomet danska slovenija

Данска - Словенија 35:30 (14:12)

Во третиот натпревар во три дена, европскиот првак Данска по не многу сјајниот настап со Тунис и фантастичното издание против Црна гора, со комбинација од двата натпревари ја совлада Словенија во меч во кој водеше во текот на сите 60 минути. Ласе Свен Хансен и Ларс Линдберг добро го отворија мечот во Архус и во 10 минута Данска прв пат поведе. Урош Зорман блескаше во словенечкиот табор, а трите врзани гола на Микел Хасен ги разбија израмнетите 8:8 и на одмор Данска замина со +2. И покрај одличните перформанси на Горазд Шкоф, скандинавците подобро го почнаа вториот дел и побегнаа на 18:13 со головите на Тофт Хансен и Егерт. Последните 15 минути од средбата беа јасни што се однесува до победникот, а скоро сите ракометари кои добија шанса од Улрих Вилбек ја искористија и се запишаа меѓу стрелците.

Share