hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Освои ја Севиља!

osvoi ja sevilja3

Страста кон спортот, конкретно кон ракометот и големата љубов кон нашата татковина како најчесто да ја чувствуваме кога доаѓаат големите спортски приредби. А македонци има буквално насекаде, па и во Севиља -наредната дестинација на „Фалангата„ Преку официјалната страна на Кирил Лазаров го запознавме Јосиф Мирчески.

Научник од нашата земја кој живее и работи со своето семејство во овој андалузиски центар. Воодушевен од идеата дека Македонија ќе игра во „неговата„ Севиља тој одлучи да им помогне на армијата наши фанови, кои ќе тргнат на долг пат во гард во кој веројатно никогаш до сега не биле. Затоа изработи посебна веб страница http://www.osvoijasevilja.com на која може да се пронајдат сите сервисни информации поврзани со овој град. Затоа не препуштајте ништо на случајот, добро информирајте се и освојте ја Севиља.

Имено сите информации како да стигнете до саканата дестинација како и да пристигнувате во Севиља, како да пронајдете добро и ефтино сместување, корисно да го запознаете градот, да направите добар шопинг и да ја вкусите вкусната андалузиска кујна. За се ова имате директни информации на оваа веб страна. Исто така Јосиф ви стои на располагање за секоја друга информација која ви недостига и можете да го исконтактирате во секое време. Ваше е само во националните бои да оставите трага и да ја освоите Севиља.

http://www.osvoijasevilja.com

Share