hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Минималец за Србија и покрај одличниот наш настап

mkd 05 2013

Србија - Македонија 26:25 (13:13)

Како и пред стартот на Европското првенство во јануари минатата година, Србија на Веселин Вуковиќ пак ни беше последен спаринг партнер во подготвителниот период и пак во Ниш. Иако го имаа првиот напад нашите ракометари лошо ја пробиваа противничката зона (6-0) и не ги реализираа првите три напади. Затоа домаќинот со головите на Илиќ, Никчевич и Тоскиќ поведоа со 3:0.

Со човек помалку Кирил Лазаров го постигна нашиот прв гол дури во 5 минута (3:1). Полека фативме ритам и со головите на крилата Георгиевски и Манасков (2) намаливме на 5:4. Но и србите беа расположени и по голот на Лазаров, Алан Тоскиќ атрактивно погоди по втор пат за 7:5 во 10 минута. Но по исклучувањето на српскиот кружен напаѓач, Гоце Георгиевски намали на -1. Но штом се доближивме Продановиќ и Тоскиќ од полуконтри вратија на стабилни 9:6 за Србија и го принудија Шундовски на тајм-аут во 14 минута. Веднаш по враќањето во игра Стоилов намали, но брзиот центар на европскиот вицепрвак создаваше грижи за нашата одбрана. Кирил Лазаров од два реализирани седмерци го совлада Гајиќ и стигна до четири гола за да не врати на -1. Имавме и контра за израмнување, но Ристовски фрли непрецизна контра, а половина минута подоцна исклучен беше Филип Миркуловски и Ненадиќ погоди за 11:9. Во 23 минута Стојанче Стоилов изнуди седум метри и исклучување, но Гајиќ го одбрани ударот на Наумче Мојсоски од казнен удар. Но се разбрани Борко Ристовски и Стоилов и Наумче Мојсовски донесоа прво израмнување во 26 минута (11:11) за тајм-аут на Вуковиќ. Конечно фативме ритам и Лазаров погоди за 12:13 на 15 секунди до одморот. И тогаш наивно на 2-3 секунди до крајот Вукчевиќ погоди за 13:13 на одмор.

На стартот на вториот дел, Станиќ застана на српскиот гол, а Филип Лазаров и Митревски за прв пат добија шанса од Шундовски. Со шестиот гол капитенот Лазаров го врати нашето водство (13:14). Самодовербата кај нашите момчиња растеше, па Кирил Лазаров и со човек помалку го лобуваше Станиќ за ново наше водство. Но три технички грешки и Богдан Радивојевиќ од Партизан го врати водството на домашната репрезентација (18:15). Ванчо Димовски ја прекина мини-серијата на србите од 4:0 и намали на -2, а Миркуловски уште повеќе не доближи со својот прв гол во 42 минута (18:17). И Кирил Лазаров имаше своја вечер и со својот осми гол од десеттиот обид не остави во мечот. Дејан Манасков од контра, лансирана од Митревски израмни на 19:19 на половина од второто полувреме. Во меч во кој паѓаше концентрацијата во одбраната, Миркуловски промаши зицер и Шешум го врати домашното водство. Дарко Станиќ се разбрани и ги покриваше грешките во организацијата на играта и во нападот на Србија. Но деветиот гол на Лазаров пак ни донесе предност (20:21) на 11 минути до крајот. И со човек повеќе во наредниот напад, капитенот подготви гол-позиција за Манасков за 20:22. Вуковиќ мораше да побара тајм-аут на 7 минути до крајот при два гола предност за Македонија. Но по тајм-аутот судиите видоа прекршок во напад од Димовски, а Вукчевиќ со два гола ја врати Србија во водство (24:23). Нашата игра невообичаено падна и цели 6 минути бевме без постигнат гол. А на спротивната страна Радивојевиќ од контра зголеми на 25:23. Милан Левов врати надеж со гол за 25:24, но искусната српска репрезентација не дозволи нов пресврт и ја потврди победата со 26 гол, пред Кирил Лазаров од седмерец да го постигне својот 11 гол за финални 26:25. Да не беа последните 6-7 минути, овој тест за избраниците на Шундовски ќе беше перфектен. Но и вака треба да бидеме задоволни, бидејќи вистинската Македонија треба да ја видиме во наредните три недели на шпанско тло. Капитенот Лазаров со 11 гола, наш најдобар поединец. Позитивни и Стоилов и Манасков. Кај Србија Станиќ го донесе пресвртот, а пријатно изненади и Радивојевиќ. Македонската делегација вечерва се враќа за Скопје и по утрешниот тренинг, ќе добие слободен ден за Божик, пред Шундовски да го скрати списокот за Севиља.

Србија - Македонија 26:25 (13:13)

Спортска сала "Чаир" - Ниш. Гледачи: 4000

Судии: Стојковиќ и Николиќ (Србија)

Србија:

Станиќ (10 одбрани), Гајиќ (7 одбрани), Драгаш 1, Шешум 2, Вујин 2, Никчевиќ 4, Крсмановиќ, Тоскиќ 4, М. Илиќ 4, Радивојевиќ 3, Продановиќ 1, Н Илиќ 1, Вучковиќ 3, Митровиќ, Зеленовиќ, Станковиќ, П. Ненадиќ 1, Д. Ненадиќ, Марсениќ

Исклучувања: 8 минути

Седмерци: 0/0

Македонија:

Ристовски (4 одбрани), Митревски (6 одбрани), М. Стоилов, Манасков 5, С Стоилов 2, К. Лазаров 11 (7), Јоновски, Ангеловски, Темелков, Миркуловски 1, В. Маркоски, З. Мојсоски, Н. Маркоски, Н. Мојсоски 1, Димовски 1, Георгиевски 2, Ф. Лазаров 1, Ојлески, Левов 1, Даскаловски

Исклучувања: 8 минути

Седмерци: 8/7

Семафор: 3-0 (5) 6-5 (9) 9-6 (15) 10-9 (20) 11:12 (29) 13:14 (33) 18:15 (40 .) 19:19 (45) 20:22 (51) 21:23 (54) 25-23 (59)

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Звонко Шундовски (селектор на Македонија)

„Мило ми е што имавме права проверка и што се играше натпреварувачки во сите 60 минути. Од суштинско значење е што никој не беше повреден и што ние ги ротиравме сите играчи. Уште не ја знам листата кои ќе патуваат во Шпанија, но убеден сум дека сите дадоа максимум. Имавме проблем со враќањето по контри. Ова беше вистински натпревар. Против силна европска екипа треба многу да се трча во двата правци, со цел да се постигне добар резултат. Јас не ги знам амбициите на Србија, но ние мораме да одиме чекор по чекор за да го подобриме најдобриот резултат од мундијалот во Хрватска пред четири години„

rakomet brazil - cile

Бразил - Чиле 38:21 (19:13)

Во вториот пријателски меч на шпанско тло, Бразил му нанесе уште еден убедлив пораз на нашиот прв противник во Севиља, репрезентацијата на Чиле. Ако во првото полувреме чилеанците парираа, во вториот дел имаа видлив физички пад и поразот од 17 разлика е очекуван расплет. Податокот дека по 40 примени гола од Шпанија, чиленаците примија и 38 гола од Бразил, јасно кажува дека играта во одбрана не им е силна страна на црвено-плавите од Јужна Америка.

Бразил:

Алмеида, Чиуфа (6), Пачеко (2), Tиагус Петрус (4), Фелипе Борхес (9), Сантос (2), Кардосо (1) - стартен тим - Насименто, Гама (3), Кандидо (2), Пирес (2), Хубнер, Патрионова (1), Позер (1), Гимареш (3), Тешеира (2)

Чиле:

Бариентос, Mаурин (1), Родриго Салинас (5), Емил Фечман (3), Ервин Фечман (2), Рејес (1), Дел Рио (3)- стартен тим - Пачеко, Валенцуела (1), Мартинез (1), Харалд Фечман, Дијаз (1), Доносо (1), Жофре, Араја, Естебан Салинас (2)

Семафор: 3-2, 7-5, 11-7, 13-8 , 16-10 y 18-12 (Полувреме) 19-13, 23-15, 29-17, 32-18, 36-19 y 38-21 (Конечен резултат)

Судии: Ралуј и Сабросо (Шпанија)

rakomet danska - crna gora

Данска - Црна Гора 38:21(18:7)

Вториот тест натпревар на данците беше со изненадувањето во бараж мечевите, Црна Гора на Зоран Кастратовиќ во Архус. Со одбранбена формација 6-0 и со само една замена одбрана-напад, тимот на Улрих Вилбек функционираше многу подобро од претходниот ден во Скјерн со Тунис. Линдберг и Мелгард брзо ги одлепија скандинавците на 7:3. Играта во одбрана на данците брзо им донесе 10:5 и 12:6. Маркусен се разигра и на одмор предноста веќе беше недостижна (18:7). Во вториот дел шанса добија други дански ракометари и пред се Егерт и Свен Хансен ја одржаа високата разлика. 3472 гледачи во Архус уживаа во вистинското издание на европскиот првак на една недела до дебито на мундијалот.
Данска - Црна Гора 38:21 (18:7)

"Гигантиум арена." – Алборг. Гледачи: 3472.

Судии: Палсон и Леифсон (Исланд).

Казни: Данска 3 (3), Црна Гора 4 (4). Исклучоци: Данска 4, Црна Гора 8 минути.

Данска:

Ландин, Грин, Ларсен 1, Мортенсен 3, Eгерт 5, Лауге 2, Маркусен 4, Нодесбо 2, Свен Хансен 4, Линдберг 8, Рене Тофт 1, Мелгард 3, Сондергард, Тофт Хансен 3, Олсен 2, Ирминг

Исклучувања: 4 минути

Седмерци: 3/3

Црна Гора:

Мијатовиќ (4 одбрани), Рајковиќ (3 одбрани), Ракчевиќ 5, Пејовиќ, Милашевиќ 2, Мелиќ 1, Осмајиќ, Мрваљевиќ, Марковиќ 3, Каписода 2, Грбовиќ, Вујовиќ, Шеваљевиќ, Рогановиќ 6, Симовиќ 1, М. Ласица, Г. Ласица 1

Исклучувања: 8 минути

Седмерци: 4 /4

rakomet qatar-belorusija

Белорусија - Катар 28:28 (15:14)

На неутрален терен во швајцарскиот Винтертур во рамките на „Yelow cup„ турнирот Белорусија ремизираше со Катар, што силно опоменува да не се потцени овој противник наредната недела во Севиља. Во меч со дури 14 израмнувања, двете селекции имаа опции за победа, но на крајот Белорусија не го реализира последниот напад за победа. Катар одигра серија на силни натпревари и на голем дел од нив беше рамноправен противник со респектабилни европски селекции. Утре во 13:30 часот за Катар следува завршниот меч на турнирот против Австрија.

rakomet rusija

Португалија - Русија 28:30 (17:19)

Дека ни малку не е лесно да се игра со Португалија, почувствуваа и русите предводени од селекторот Кулешов, кои во меч со многу голови, едвај стигнаа до победа со голови на неколку минути до крајот. Мечот почна изедначено и помалку изненади рускиот тајм-аут на половина полуврема при 7:6. Педро Соља ги предводеше португалците, а кај русите добро бранеше Гримс, но апсолутно прва виолина беше Константин Игропуло. По изедначениот прв дел креативниот Атман подготви серија на аситенции за руските шутери и крила. Гримс се придодаде со клучни инстервенции кога најмногу требаше и финишот стана драматичен. Токму леворакиот русин Игропуло го одлучи победникот со два гола кога се кршеше резултатот и кога португалците го стигаа противничкото водство. Мечот се одигра во Лагос во одличен амбиент, а веројатно ќе биде така и утре од 16 часот кога двете екипи пак ќе ги одмерат силите во контролен меч.

Португалија - Русија 28:30 (17:19)

Спортска сала „Мунисипал де Лагос„ - Лагос. Гледачи: 2000

Судии: Марио Коутињо и Рамиро Силва (Португалија)

Португалија:

Уго Фереира, Бруно Мореира 1, Тиаго Переира 1, Педро Соља 5, Клаудио Педроза, Давид Тавареш 2, Рикардо Пескера, Хозе Коста 2, Хуго Лаурентино, Карлос Карнеиро 2, Дарио Андраде 4, Рикардо Мореира 1, Фабио Магаљаеш 1, Жоао Фераз 2, Вилсон Дајес 1, Жилберто Дуарте 4, Алваро Родригез, Педро Спинола 2

Исклучувања: 10 минути

Седмерци: 5/4

Русија:

Гримс, Богданов, Шиндин 2, Пишкин, Евтокимов 2, Атман 3, Горбок 3, Житников, Растворцев 2, Лешин, Максимов, Шишкарев 1, Асланијан, Чипурин 2, Насиров, Шелменко 2, Дибуров 4, Игрипуло 9

Исклучувања: 8 минути

Седмерци: 6/5

Share