hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Совладан и Египет, радува формата на црвено-жолтите

den-mkd 7

Македонија - Египет 32:28 (18:12)

Последната фаза од подготовките за Светското првенство и последниот филтер за дефинитивниот список на Шундовски за Севиља, почна вечерва во Ниш со пријателскиот меч со стариот познаник Египет. За прв пат црвено-жолтите настапија комплетни по приклучувањето на Борко Ристовски кој не настапи со Саудиска Арабија. Петкратниот африкански шампион, предводен од селекторот Асем Дауд беше цврст противник за нашиот национален тим. Но избраниците на Звонко Шундовски забележаа победа со авторитетно издание и раст на самодовербата. Баланс во играта на нашиот тим се чувствуваше во текот на сите 60 минути што дополнително радува. Капитенот Кирил Лазаров со 7 гола најефикасен во нашиот разигран состав.

Македонија - Eгипет 32:28 (18:12)

Спортска сала: "Чаир„ - Ниш. Гледачи: 600

Судии: Душан Стојковиќ и Ненад Николиќ (Србија)

Македонија:

Митревски (6 одбрани) Ристовски (7 одбрани) Даскаловски, М. Стоилов, Maнасков 5, С. Стоилов 2, К. Лазаров 7 (4), Јоновски, Ангеловски 2, Темелков 1, Миркуловски 4, В. Маркоски, З. Мојсоски 1, Н. Маркоски 1, Н. Мојсоски 6, Димовски, Георгиевски, Ф. Лазаров, Ојлески 2, Левов 1

Седмерци: 5/4

Исклучувања: 8 минути

Египет:

Хендави (4 одбрани, 1 седмерец), Бакир (3 одбрани), Ал Елсвади 1, Халили 1, Рамазан 1, Ибрахим 3, Амер 4 (1), Јозеф, Елбасуми, Хашем 2, Haгаг, Мохамед Ел Ахмар 6, Сакр, Шабиб 2, Али Мохамед 5, Ал Санад 2, Разек 1

Седмерци: 4/3

Исклучувања: 10 минути

Семафор: 04:04 (7), 08:08 (13), 10:10 (18), 17:10 (26), 18:12 (30), 18:15 (34), 20:16 (38) , 22:19 (40) 22:21 (42) 24:21 (47) 25:22 (49) 25:25 (52) 26:26 (54) 27:27 (55) 31:27 (59) 32:28 (60)

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Утре нашиот национален тим од 18:30 часот го игра последниот трет тест пред заминувањето во Шпанија, со европскиот вицешампион Србија на Веселин Вуковиќ, исто така во „Чаир„ во Ниш. Нашите противници во Б групата на Светското првенство денес исто така играа пријателски средби.

cile foto 1

Шпанија - Чиле 40:17 (23:8)

Организаторот на претстојното големо натпреварување без ни малку мака го прегази нашиот прв противник Чиле. И без повредениот Раул Ентрериос, избраниците на Валерио Ривера забележаа убедлива победа. Во јужноамериканскиот табор недостигаше повредениот пивотмен Онето, кој ќе го пропушти и мундијалот. Ракометарот на Грањолерс Родриго Салинас со 8 гола беше единствена светла точка во поразениот табор. Кај шпанците блескаше голманот Сиера, сите 14 ракометари кои добија шанса постигнаа голови, а најмногу младиот Ривера (син на селекторот) и Алберт Рокас со по 5 гола. Мечот беше дел од турнирот „Меморијал Доминго Барценас„

demnerk foto

Данска - Тунис 30:29 (15:16)

Континенталниот првак Данска со скромна минутажа на Микел Хансен кој влегува во ритам по повредата потешко од предвидното го совлада Тунис со еден гол разлика во контролниот меч во данскиот Скјерн. Одбраната на данците не беше на висината на задачата и кружниот напаѓаш Таж создаваше многу проблеми. Така цврстата туниска селекција одигра фантастично прво полувреме. Постојано водеа тунижаните против комбинираниот скандинавски состав, во кој одличен беше локалниот херој Хенрик Мелгард кој игра за Скјерн (7:10, 10:12, 12;14). Со голот на неколку секунди до одморот Линдберг намали на 15:16. И на стартот од вториот дел африканскиот првак имаше 2-3 гола предност пред Каспер Улрих Мортенсен со два гола да израмни до 19:19. Дури во средината на вториот дел се „разбуди„ Микел Хансен, се надоврза и Свен Хансен и Данска по 25 минути повторно поведе (23:21). Нодесбо заработи црвен картон заради три исклучувања, натпреварот стана груб и нервозен, се до уште една молскавична контра и гол на Свен Хансен за 29:27. Во последната минута се влезе со јасна слика за победникот и чесен пораз на тунижините. В сабота Данска игра во Алборг од 17:10 часот против Црна Гора.

qatar 2

Швајцарија - Катар 33:25 (15:18)

Во атипичен меч, репрезентацијата на Катар одигра одлично прво полувреме против Швајцарија на „Yelow cup„ турнирот во Винтертур за во продолжението комплетно да потфрли до убедлив пораз од 8 разлика. Домаќинот подобро го отвори мечот и Марко Курт ги поведе црвено-белите до 8:6. Марсел Хес исто така одлично почна, но на средина од првиот дел се разбудија катарците. Абдула Рамазан и Алрајес Басел направија серија 7:2 и Катар го сврте резултатот. До одморот во игра со послаби одбрани, Катар ги задржа тие 2-3 голови предност (15:18). До 43 минута мечот беше егал и до тајм-аутот на Катар на 19:20 владееше голема неизвеснот. Лука Линдер со гол од контра и споменатиот Курт направија нов пресврт и со физичкиот пад на катарците во 52 минута резултатот веќе беше 27:21. Во финишот Андрија Пендиќ го дотолчи противникот. Кај Швајцарија Курт постигна 8, а Хес 5 гола (двајцата со 100% учинок), а кај Катар Абдула Рамазан, Мустафа Алсати Алкрат и Алрајес Басел постигнаа по 5 гола. Сите катарски ракометари добија шанса, голманите немаа многу интервенции и видлив беше дисконтинуитетот во играта на оваа селекција. Утре Катар игра втор тест на турнирот со Белорусија во 18 часот.

Share