hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Три теста во три дена за Данска и за Катар

qatar 1

Eвропскиот шампион Данска и противник на Македонија во групата Б во Севиља на Светското првенство во Шпанија вечерва стартува со одигрувањето на контролните натпревари. Данците досега се подготвуваа во Архус, а тест натпреварите ќе ги одиграат во Скјерн и во Алборг. Противници во следните три дена ќе им бидат: Тунис, Црна Гора и Словенија. Првата ѕвезда на ракометната репрезентација на Данска Микел Хансен, кој македонската спортска јавност добро го памети од Европското првенство во Србија минатата година, сепак ќе биде подготвен за Мундијалот во Шпанија. Хансен тренира еднаш, а не како останатите соиграчи двапати, сепак ја разуверува данската јавност дека ќе биде комплетно подготвен за настап на Светското првенство. „Одработев тренинг со колегите и коленото засега одлично ги поднесува напорите. Мислам дека нема потреба од загриженост, засега оди се како што треба. Очекувам да бидам во добра форма, не гледам зошто не би бил" изјавил за данската ракометна федерација Хансен. Еден од најдобрите играчи во моментов, според многумина и најдобриот, беше под посебен надзор затоа што од Париз, каде што игра постојано стигнуваа информации дека поради проблем со коленото треба да биде поштеден, дури и пропуштање на мундијалот беше во игра.

Денес контролен натпревар игра и Катар кој од 19 часот ќе ги тестира своите сили со Швајцарија, нашиот противник во квалификациите за Европското првенство во Данска 2014 година. Утре катарците ќе играат со Белорусија од 18:00 часот, а в недела од 13:00 часот противник им е Австрија, преку која Македонија го избори мундијалот во Шпанија.

Share