hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Оптимистички +7 против Саудиска Арабија

 

kire 28 12 2012

Македонија - Саудиска Арабија 28:21 (15:9)

По една недела заеднички тренинзи, макеоднската ракометна репрезентација скоро комплетна, единствено без Борко Ристовски, го одигра првиот контролен натпревар во подготовките за мундијалот во Шпанија. Саудиска Срабија беше противник по мерка на половина од зацртаната програма на Шундовски. Така пред напуштањето на базата во Пореч, црвено-жолтите одиграа корисен пријателски натпревар. Во одлично темпо за прва контрола, избраниците на Шундовски постојано водеа и победата не ја доведоа во прашање. Уште на стартот се истакна Николче Митревски на голот, а предноста на секои 10 мунути се зголемуваше. По скромните 3:3 на стартот, следеше наше одлепување до 7:4 и 10:6. На стартот на вториот дел Македонија го контролираше натпреварот, а кон 40 минута примивме 6 гола за 11 минути и саудијците се вратија во мечот. Но немаа сили за ништо повеќе. Победата беше кристални чиста.Селекторот им даде доверба на сите ракометари, но ритамот на средбата беше одличен и финалните +7 јасно покажуваат дека Македонија беше доминантен фактор на средбата. Капитенот Лазаров постигна 4 гола.

Македонија - Саудиска Арабија 28:21 (15:9)

Македонија:

Даскаловски, Митревски, Ф. Лазаров 2, Георгиевски, Димовски 2, Н. Мојсоски 2, З. Мојсоски, В. Маркоски 1, Миркуловски, Темелков, Ангеловски 3, Јоновски 3, К. Лазаров 4, С. Стоилов 1, Ојлески, Манасков 6.

С. Aрабија:

Кусај, Серај, Мехди, Хишам 2, Ал Сајати, Хабеб 3, Султан Турку, Ал Aраби, Mухамед 4, Маџед 1, Ал Али 7, Заир, Ханаб 4, Јусеф, Јахја.

Репрезентативците в недела попладне се враќаат во татковината, а нов собир имаат на 2 јануари. Последните тестови пред заминувањето во Шпанија се на 4 и 5 јануари во Ниш против Египет и Србија.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

 

 

Share