Полска имаше повеќе нерви и квалитет за полуфинале, Хрватска елиминирана
Во изедначено четвртфинале Полска и Хрватска во последните три минути го решија прашањето на победникот и ривалот на Катар в петок. Полјаците поведоа со 12:10 на полувреме, но Хрватите се вратија во вториот дел, па имаа и највисоки 17:14 во 42 минута, но тркалото повторно се сврти. При 22:22, момците на Голужа не реализираа зицер и Хрватска го „испушти возот„ за полуфинале.
Шариќ и Капуте му носат историско полуфинале на Катар
Катар испиша историја и влезе во полуфиналето на мундијалот, со што е прва азиска репрезентација која избори полуфинале на едно светско првенство. Валеро Ривера постави неверојатно добра одбрана и го „отупи„ нападот на германскиот тим. По 3:3, катараните со многу поразновиден напад, успеаа да побегнат на 6:3, а потоа и на 10:6 на половина полувреме за првиот тајм-аут на Дагур Сигурдсон. Шариќ и за седмерци Стојановиќ одлично бранеа, за физички корпулентниот Борха Видал бундес-тимот немаше решение, а Марковиќ и Мемишевиќ постигнуваа ефектни голови за 16:9 во 24 минута.
ФОТО: Најголема посета по свеченото отворање
Скоро и да немаше слободно место на мечот, кој ја отвори четвртфиналната програма меѓу Катар и Германија во „Лусаил арената„. Главно обоени во бело беа сите четири трибини на најубавиот спортски објект во близина на Доха, изграден пред само неколку месеци. Близу 15.000 луѓе, голем дел од нив катарани, ја бодреа својата репрезентација да стигне до шестата победа на светското првенство. За прв пат по свеченото отворање и мечот Бразил - Катар, скоро исполнета беше салата, што е прв пат на мундијалот.
Македонски судии за мечот на векот во Катар
Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го водат првиот натпревар од четвртфиналето на мундијалот помеѓу Катар и Германија. Според најавата за премиите на домашните ракометари и стручниот штаб, ова ќе биде натпревар кој има најголем влог во историјата на ракометот, преку 30 милиони долари. Начевски и Николов ќе имаат голема одговорност како никаква досега. Данските судии Хансен и Гјединг ќе го водат мечот Хрватска - Полска, чесите Новотни и Хорачек се делегирани за мечот Словенија - Франција, а Гајпел и Хелбиг од Германија ќе ја имаат најтешката задача да ја делат правдата на мечот Данска - Шпанија.
Катар ја разбива европската доминација
Скоро секогаш ракометот бил европска игра. Не само што не освојувале титули на мундијалите, туку претсавниците на другите континенти, многу тешко доаѓале и во завршницата. Катар попладнево против Германија брка историско полуфинале, кое последен пат една неевропска репрезентација го изборила во Тунис 2007 година, кога домашната репрезентација влезе меѓу четирите најдобри и подоцна го освои четвртото место.
Шкоф: „И тие се од крв и месо, имаме план за мечот со Франција„
Со тезата дека и французите се од крв и месо, словенечките ракометари се бодрат меѓу себе пред мечот во кој ќе се обидат да отидат до истото скалило како и пред две години во Шпанија, кога играа во полуфиналето, а подоцна го освоија четвртото место на тој мундијал. 37 годишиот Горазд Шкоф кој против Македонија беше играч на натпреварот за овој меч знае дека не смее да се направи ниту една грешка:
Каденас: „Агинагалде може да биде клучот на натпреварот„
На европските првенства победува Данска, а на светските Шпанија. Така вели традицијата на последните дуели на овие две репрезентации во пресрет на вечерашниот голем дуел од четвртфиналето. Селекторот на Шпанија, Маноло Каденас откри и каде може да се „скрши„ натпреварот за кој влогот е полуфинале:
Нодесбо: „Овој меч требаше да дојде подоцна на турнирот„
Репризата од финалето пред две години во Барселона кога Арпад Штербик „застана на патот„ на скандинавците до титулата е највозбудливиот и натешкиот за прогнозирање меч од четвртфиналето. Соиграчот на Кирил Лазаров од Барселона, Јаспер Нодесбо на спротивната страна ќе ги има Томас, Гонзало, Раул Ентрериос, Сармиенто. Токму нив им ја препушта улогата на фаворит во денешниот меч во „Лусаил арената„:
Биглер: „Хрватска е „фабрика за таленти„ никогаш не би ги посакал"
Селекторот на полската репрезентација Михаел Биглер со нетрпение го очекува четвртфиналниот меч со Хрватска, можеби да ја прекине серијата на порази која полските ракометари ја имаат од „коцкестите„. Можеби улогата на „пациенти„ добро ќе им дојде на Биелецки, Јурецки, Шмал и останатите, бидејќи тие немаат што да загубат, а момците на Голужа се фаворити дури и за златото. Биглер е умерен оптимист:
Четвртфинален ден на мундијалот
Денес е ден за четвртфиналните натпревари на мундијалот во Катар. Тие ќе се играат во термините од 16:30 и 19 часот. Хрватска - Полска (Лусаил арена) и Катар - Германија (Ал Саад) ќе играат од 16:30 часот, а победниците од овие натпревари в петок, во истиот термин ќе се сретнат во полуфиналето.