Голужа: „Наместо да дадеме гол со двајца повеќе ние примивме и загубивме„
Тага и разочарување во хрватскиот табор на официјалната прес-конференција по мечот со Полска. Голужа и Вори го признаа поразот и најавија посилна хрватска репрезентација за наредното европско првенство во Полска 2016 година:
Марковиќ блиску до Гајиќ за нај-стрелец и до Салинас за МВП
Без ниту една измена меѓу водечките осум на листата на стрелците по четвртфиналето. Капуте од Катар со одличниот настап против Германија направи скок до деветтото место. Марковиќ се доближи до Салинас на листата за МВП и многу веројатно в петок ќе го мине, со оглед на тоа што чилеанецот го заврши мундијалот.
ВИДЕО: Агинагалде: „Изгинавме на терен, на овој турнир нашите голмани се одлични„
Пред мечот селекторот на Шпанија, Каденас најави дека Агинагалде може да биде клучен ракометар за разбивање на одбраната на данците и ракометарот од Баскија ја оправда таа улога на џокер и даде голем придонес во триумфот. Но тој ја издвои борбата на екипата и одличните голмани, кои го покрија неиграњето на Арпад Штербик заради повреда:
ВИДЕО: Нодесбо: „Разочаран сум, одбраните на двете селекции беа предобри„
Во кожата на шпанците од минатата година и од европското првенство во Србија 2012 година, сега се најдоа данските ракометари, кои никако да ги избалансираат своите настапи на европските и светските првенства. Пак им недостигаше континуитет во натпреварите и во текот на еден значаен натпревар имаа премногу застои и падови. Имаа добри моменти и веднаш потоа пад, но голот на Канељас ги „фрли„ во очај, бидејќи го загубија сонот оваа генерација да стане и светски првак, откако два пати беше европски шампион. Нодесбо, кој спроти себе имаше неколку соиграчи од Барселона не го криеше незадоволството и тага по конечниот исход:
Три европски селекции и Катар ќе се борат за медалите
Катар и три европски репрезентации ќе ги распределат медалите,а Шпанија останува со опција да ја одбрани титулата. Прва за Катар и Полска, трета за Шпанија или петта титула за Франција е дилемата која ќе биде разрешена в недела. В четврток е единствениот комплетно слободен ден без ракомет, а полуфиналните мечеви се в петок. Мечевите за пласман од 5-8 место се предвидени за в сабота.
ВИДЕО: Каденас: „Не е реванш, но ова со Данска е ривалство, деталите беа на наша страна„
Еуфорија, голема радост и солзи радосници пуштија шпанските ракометари, откако ја исфрлија Данска на патот до медал на светското првенство и себе си си обезбедија дуел со Франција, кој според критиката ќе биде финале пред финалето. Тренерот на Висла Плок и шпански селектор од минатата пролет, Маноло Каденас беше реален и истакна дека само деталите беа на страната на неговата репрезентација и дека и среќата играше пресудна улога:
Нова тренинг победа на Франција за лесно полуфинале
По тешкото осминафинале против Македонија, Словенците немаа сили да им се спротивстават на моќните французи, кои уште во првото полувреме практично ги решија сите дилеми на оваа средба. По првите 30 минути Карабатиќ и другарите водеа со 7-8 разлика и како против Аргентина така брзо се одлепија, што го направија второто полувреме чиста формалност. Пак клучот беше во одбраната која му дозволи на Омејер неколку лесни одбрани, а ги натера момците на Дениќ да направат несватливи лесни технички грешки за контранапади и голови на „галските петли„. Конечните 23:32 (10:18) покажуваат дека играа две нерамноправни екипи во борба за полуфиналето.
Златниот Канељас ја прати Данска дома и донесе реванш за Хернинг
Данска подобро го отвори мечот и со лесни голови од транзиција брзо го принуди Каденас да побара тајм-аут при 6:4. Тогаш во игра влезе Чема Родригез и ја раздрма „црвената фурија„. Полека се разиграа крилата, по еден гол дадоа Канељас и Македа и сега исландската клупа мораше да го прекинува ритамот со тајм-аут при 6:8. Но ред дојде на Хансен и Лауге и нивните први голови за 10:10. На одмор се замина со 11:11 со убав ракомет, добри одбрани и атрактивни голови. Вториот дел подобро го отворија данците и Хансен врза 4 гола за водство од 18:16 за скандинавците. Но Гонзало успеа да влезе во ритам и во 47 минута Ривера јуниор со својот седми гол на Шпанија му донесе 20:18. Се играш драматично, гол по гол, игра не нерви и на детали.
Менсах Ларсен не дозволи Шпанија да побегне, а Мортенсен и Кристијансен во 54 минута дури и му донесоа водство на момците на Гудмунсон. Но Шпанија имаше резерви и најнапред Ривера јунииор израмни, а во последната акција на две секунди до крајот „проектилот„ на Јоан Канељас на Шпанија му донесе победа од 24:25 и полуфинале на мундијалот. Како по обичај во последните четири години, Данска е подобра на европските, а Шпанија на светските првенства. Ова е реванш за поразот во Хернинг и можност „црвената фурија„ и понатаму да сонува за одбрана на титулата. Ривера Јуниор со 10 гола беше најефикасен во победничката репрезентација, јунакот Канељас додаде уште 5, Раул Ентрериос имаше 4, а голманот Гонзало собра 9 одбрани. Кај Данска најефикасни беа Хансен и Егерт со по 6 гола, а Ландин имаше 10 одбрани.
Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:
ВИДЕО: Вајнхолд: „Пропуштивме одлична шанса, потфрли нашата одбрана„
Општ впечаток е дека Ривера го надмудри Сигурдсон и дека на тренерската клупа, Катар имаше нешто повеќе од Германија во ова четвртфинале. Иако некои германски ракометари алиби бараа во судењето на Николов и Начевски, сепак леворакиот Вајнхолд напоменува дека играта во одбрана беше клучниот фактор за нивниот пораз:
ВИДЕО: Шариќ: „Одлучи одбраната, приказните за премиите се измислици„
Најбараната личност во микс-зоната по мечот беше Даниел Шариќ, кој за прв пат на еден голем турнир настапи за Катар и покажа колку е значајно да се има еден расположен голман на натпревар од ваков тип. Одбраната и интервенциите на голманите на двете страни беа толку различни, што евиденто беше дека во тој сегмент од мечот падна одлуката околу победникот: