evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

ВИДЕО: Шариќ: „Среќен сум и испразнет, ја посакувам Шпанија во финале„

Poland vs Qatar 150130Qatar 2015 M81 POL vs QAT-SUKI1923 xlarge

Со сличен учинок како против Германија во четвртфиналето, соиграчот на Кирил Лазаров од Барселона, Даниел Шариќ има огромни заслуги во историската победа за финале на малиот Катар. Тој беше најбаран од победничката селекција по натпреварот, посебно од балканските новинари, но имаше време и енергија само за неколку збора:

Повеќе...

Катар е првиот финалист на својот мундијал

Poland vs Qatar 150130Qatar 2015 M81 POL vs QAT-SUKI1765 xlarge

Пред само неколку дена изгледаше неверојатно, но сега е веќе официјално. Катар обезбеди место во финалето на 24 светско ракометно првенство. Пред 15.000 гледачи во „Лусаил„ арената падна Полска на Биглер, која не ја повтори одличната дефанзивна партија со Хрватска, претходно и со Шведска.  Појаците одлично го почнаа натпреварот и ги реализираа првите осум напади со неверојатна леснотија. Микаел Јурецки и Сипрзак ја „решетаа„ мрежата на Стојановиќ и Ривера во 9 минута го внесе Шариќ на голот.

Повеќе...

Голужа: „Им честитам на моите ракометари, ги извлекоа последните атоми„

keto 2

Не беше лесно да се биде Славко Голужа деновиве. Сите можни критики и обвинувања стигнаа на негова адреса и мечот со Полска во средата беше окарактеризиран како национална трагедија за хрватскиот народ. Затоа добредојдена беше победата од 28:23 во денешниот меч за пласман против Германија.

Повеќе...

Хрватска лесно ги мина германците и ќе игра за петтото место

Croatia vs Germany 150130Qatar 2015 M83 CRO vs GER-GE1 2491 xlarge

Ако воопшто може да се поправи впечатокот по поразот од Полска, момците на Голужа тоа го направија со денешната победа притив Германија. Германците подобро го почнаа мечот и преку Винцек и Генсхајмер поведоа со 2:5 во 8 минута. Но по тајм-аутот на Голужа, хрватите се вратија во мечот и Степанчиќ израмни на 6:6 во 14 минута. Сега ред беше на Дагур Сигурдсон да побара минута одмор, откако Вори и Дувњак и пред се Мирко Алиловиќ, ја оддалечија Хрватска до 10:7 во 21 минута.

Повеќе...

ВИДЕО: Л. Карабатиќ „Не сме фаворити, шпанците се светски прваци„

FRANCE VS ICELAND 150120Qatar 2015 M34 FRA vs ISL- VX14645 xlarge2

По заминувањето на Дидие Динар кој сега е во стожерот на Онеста, имаше големи дилеми за тоа како Франција ќе се справи со дефанзивниот лидер в иднина. Најкорпулентната репрезентација на шампионатот не зависи од ниту еден ракометар, а дефанзивата и на овој турнир е одлична. Лука Карабатиќ добива голема минутажа и се поактуелен е и на ракометниот пазар:

Повеќе...

Српски судии за првото, а словенечки за второто полуфинале

Poland vs Sweden 150126Qatar 2015 M67 POL vs SWE-GEO03 xlarge

IHF им верува на балканските судии и ги номинира за најважните мечеви од завршницата на светското првенство во Катар. Српските судии Стоиљковиќ и Николиќ ќе го водат мечот Полска - Катар, а словенците Крстиќ и Љубиќ ја добија довербата за европското дерби меѓу Франција и Шпанија. Драган Начевски е официјално лице на првото полуфинале меѓу домаќинот и полјаците.

Повеќе...

Домашен терен, многу веројатно значи медал во ракометот

Weltmeister-20071

Домашниот терен во машкиот ракомет од секогаш бил голема предност и скоро сигурна опција за освојување на медал. Во анализата на европските и светските првенства од 2000 година до денес, на 15 шампионати, дури 8 медали однеле домашните репрезентации. 6 од тие 8 медали биле златни, а на светските првенства како домаќини на златото се радувале Франција, Германија и Шпанија.

Повеќе...

Полска утре го презентира проектот за наредното ЕУРО

euro2016 zreb varsava-600x342

В сабота од 14 часот во големата „Лусаил арена„ каде ќе се игра финалето на мундијалот, полската ракометна федерација ќе одржи прес-конференција на која ќе го претстави целиот проект за организација на наредното европско првенство во јануари 2016 година.

Повеќе...

ВИДЕО: Ривера: „Заедничката работа од пет месеци дава резултати„

Qatar vs Germany 150128Qatar 2015 M80 QAT vs GER- OB21098 xlarge

Катар за прв пат во својата историја ќе игра полуфинале на една светска приредба и може годината во која ги освои азискиот шампионат и азиските олимписки игри, да ја заокружи со медал од светско првенство. Нема дилеми дека голема работа е што меѓу Полска, Франција и Шпанија, малата држава од Азија игра полуфинале:

Повеќе...

ВИДЕО: Порт: „Сеедно ми е каде играм, важно е да победуваме„

FRANCE VS ICELAND 150120Qatar 2015 M34 FRA vs ISL-Qatar 2015 M34 FRA vs ISL- B2 7754A xlarge

На последното европското првенство, Валентин Порт беше вистинско откритие. Тогаш како десен бек го искористи неиграњето на Бараше и одигра импресивно финале против Данска. Сега на овој турнир игра повеќе како десно крило, бидејќи Лук Абало се повреди пред турнирот да почне и затоа ракометарот на Тулуз се користи на оваа позиција:

Повеќе...