hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

9 европски пара меѓу кои и Николов и Начевски на мундијалот

nikolov i nacevski 2

Светската ракометна федерација за потребите на мундијалот, каде во 18 дена ќе се одиграат вкупно 88 мундијалски средби, делегираше 18 судиски двојки од 18 држави. Македонија ќе биде застапена со судиската двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои се редовни учесници на големите ракометни собири.

Повеќе...

Австрија по втор пат ја збриша Швајцарија

rakomet avstrija 3

Австрија покажа дека се наоѓа во одлична форма совладувајќи ја Швајцарија вторпат во два дена и тоа пак убедливо. 38:28 за нашиот противник на СП во Катар на мечот во Кримс, поубедливо за еден гол од првиот триумф (32:23). Швајцарците поведоа со 6:3, но ја загубија предноста и веќе на полувреме беше 15:14 за Австријците.

Повеќе...

Реми за босанците на вториот тест со Португалија

bih rakomet 1

Босна и Херцеговина по втор пат ремизираше на подготовките во Доха откако одигра 22:22 против репрезентацијата на Португалија, два дена по истоветниот исход и на мечот со Катар на Валеро Ривера. Балканците ја имаа предноста во своите раце, но на крајот ја загубија концентрацијата и му дозволија на противникот да се врати од -2 и да извлече реми.

Повеќе...

Каденас песимист за Штербик, но ќе го чека до крај

sterbik 1

Арпад Штербик најверојатно ќе го прошпушти мундијалот во Катар откако селекторот Маноло Кадењас објави дека здравствената состојба на голманот на Вардар не се подобрила во изминатите денови. Тренерот на Висла Плок кој веќе една година е и селектор потенцираше дека е подготвен да го чека Штербик се до самиот старт на мундијалот, но сепак е песимист околу здравствениот статус на искусниот чувар на мрежата.

Повеќе...

Австрија делува моќно, а Б и Х незагреано пред мундијалот

szilagy

Селекцијата на Австрија со која редовно се среќаваме на последните големи приредби синоќа ја совлада Швајцарија со 32:23 во претпоследниот мундијалски тест. Селекторот на Австрија, Партекур Јоханесон им даде шанса на сите ракометари,а 6 гола беа дело на Раул Сантос додека по 4 пати во листата на стрелците се запишаа Виктор Силаџи и Никола Билик. Австрија и Швајцарија ќе одиграат уште еден контролен меч и тоа вечерва од 20 часот.

Повеќе...

Скандинавското дерби за Данска, Исланд подобар од Германија

mikkel hansen

Турнирски или пријателски натпревари, полека се прават завршните подготовки за светското првенство. Така синоќа во „Малме арената„ пред близу 10.000 гледачи комшиите Шведска и Данска одиграа до крај драматичен меч, кој на крајот го добија данците со 23:24 (11:10). Микел Хансен со 8 гола беше прво име на средбата, а повратникот Ким Андерсон постигна 4 за шведската селекција.

Повеќе...

ВИДЕО: Познат спотот на мундијалот со Карабатиќ и Лазаров како главни звезди

ihf foto

Организаторот на ракометниот мундијал во Катар денес го промовираа и официјалниот спот на шампионатот, кој безброј пати ќе се врти пред и за време на турнирот низ сите медиуми ширум планетата. Во него специјално за официјалниот ексклузивец на ТВ правата, француската телевизија со катарски сопственици BEING SPORT, се најдоа најголемите ѕвезди на ракометната, меѓу нив и македонскиот национален капитен Кирил Лазаров.

Повеќе...

Познат дефинитивниот список на репрезентативци за мундијалот во Катар

mak-izr-9

Селекторот на македонската репрезентација Ивица Обрван го скрати списокот и ги одреди 16 ракометари кои ќе патуваат на турнирот во Нант и потоа во Катар за светското првенство. За разлика од последните големи приредби, новина е повикувањето на Владо Недановски и враќањето на Наумче Мојсоски по отсуството на европското првенство во Данска, заради повреда.

Повеќе...

Лазаров за СПОРТБОКС: „Осминафинале, за се или ништо„

TKqobrBonZ5q8XVgprT0BIJBoMDClA-9bb37N7wiT8c

Најдобриот голгетер во националниот тим Кирил Лазаров останува на ставот дека неговите голови имаат значење само кога тие се во полза на тимската победа, иако е несомнено дека тој одново ќе биде во трка со најдобрите и за индивидуалните награди. Во интервјуто за „СПОРТБОКС„ говореше за клучните моменти на мундијалот:

Повеќе...

Мортен Олсен со скршен нос

morten olsen 1

Скоро да нема репрезентација која нема проблеми пред светското првенство во Катар кое почнува на 15 јануари. Ракометарот на Хановер и на данската репрезентација, Мортен Олсен го скрши носот на еден од последните тренинзи на европскиот вицешампион. Селекторот на данската репрезентација, Гудмундур Гудмунсон загрижено за домашните медиуми изјави дека не ја знае должината на паузата и потребно е време да одлучи дали ќе го сврсти ракометарот со групата во Катар или ќе му бара замена.