hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Технологијата влезе за прв пат и во ракометот

rakomet gol tehnologija

По примерот на фудбалот и ракометот од ова светско првенство воведува технологија за помош на судиите во ситуации гол - не гол. Така на сите натпревари на светското првенство специјални камери ќе бидат поставени на стативите и ќе регистрираат дали топката ја минала гол линијата или не.

Повеќе...

Гудмунсон го „пречкрта„ Николај Маркусен

markusen_1.jpg

Новиот селектор на данската ракометна репрезентација, Гудмундур Гудмунсон не го повика бившиот соиграч на Кирил Лазаров, Николај Маркусен во ростерот, кој со себе го поведе во Доха. Неконтинуираниот настап на Маркусен во последната година остави траги и тој нема да биде дел од тимот кој ќе се обиде да ја одбрани или подобри втората позиција и среброто од Барселона 2013 година.

Повеќе...

Голужа ги „отвори картите„ и дома ги остави Пешиќ и Обрановиќ

Slavko-Goluza-Croatia

Хрватскиот селектор Славко Голужа го направи последното скратување на списокот на учесници на мундијалот во Катар, каде поведе 16 ракометари. Хрватска ќе се обиде да го поправи впечатокот од полуфиналето во Шпанија пред две години со овие ракометари:

Повеќе...

„Handball-planet„ предвидува деветто место за Македонија во Катар

mkd hun-lazarov kiril-04-photo-uros hocevar 670

Специјализираниот ракометен сајт „Handball-planet„ прогнозира дека македонската селекција mундијалот во Доха ќе го заврши на деветтото место, откако групната фаза би ја завршиле за третото место зад Хрватска и Тунис со што во осминафиналето би вкрстиле со Словенија, која според нивните предвидувања би завршила како второпласирана во А групата.

Повеќе...

ФОТО: Не очекува мундијал во супер модерни и нови арени

arena 3

Ова светско првенство ќе се игра во нови, модерни и величевствени спортски сали. Нашата селекција ќе ги почувствува сите објекти кои организаторот наменски ги изгради за овој настан или за останатите големи спортски собири. Салата „Али бин Хамад ал Атијах" во Доха е повеќенаменската сала проектирана за ракометниот клуб Ал Саад за потребите и на клубскиот и репрезентативниот ракомет.

Повеќе...

ФОТО: Прв тренинг на црвено-жолтите во „Лусаил арената„

lusail

Во претходните неколку дена македонските ракометари имаа тренинзи во помошната сала во Ал Сад, но синоќа за прв пат влегоа и на борилиштето каде во петок ќе го играат деби мечот со Тунис. „Лусаил„ е најголемата сала во Доха каде ќе се играат натпреварите на долго очекуваниот мундијал.

Повеќе...

Шведска, Франција и Романија се водечки на вечната листа

stafan olson

Вкупно 10 земји најмалку еднаш го освојувале светското ракометно првенство, а на вечната листа со по 4 титули водечки се Франција, Шведска и Романија. Во шест случаи домаќинот на мундијалот станал светски владател: Германија во 1938 и 2007 година, Романија во 1970, Франција во 2001, Шведска во 1954 и Шпанија во 2013.

Повеќе...

Штербик ја загуби трката со повредата и времето

sterbik 4

Голманот на Вардар, Арпад Штербик ќе го пропушти Светското Првенство во Катар, откако селекторот Маноло Каденас го изостави од списокот со 18 ракометари. Тој не успеа да се рехабилитира од повредата на менискускот, поради која ги пропушти целите подготовки.

Повеќе...

Лазаров меѓу идеалните седум на Лино Червар

kiro i lino

Во интервјуто со хрватскиот весник „24 часа", тренерот на Металург и светскиот првак со Хрватска, Лино Червар ја одбра неговата идеална постава од седум ракометари кои настапуваат на Светското првенство во Катар. Место во неа има и за капитенот нашата селекција Кирил Лазаров.

Повеќе...

Лазаров: „Главната опасност против Тунис доаѓа од Хасанефендиќ„

Kiril-Lazarov-1

Нашите ракометари веќе се подготвуваат за првата „домашна задача„ која се вика - Тунис. Од првиот натпревар и исходот во петок против африканците, зависат многу работи во Б групата. Капитенот Лазаров кој беше во ростерот и кога претходно на големите приредби игравме со туниските горостаси, најголема опасност гледа во нивниот искусен селектор, кој добро ги знае нашите врлини и маани. Но исто така и ние комплетно со скениравме неговиот стил и неговите ракометари:

Повеќе...