ВИДЕО: Обрван: „Одлично е што моите играчи можат да играат со секого„
Средбата со новинарите на ден пред мечот со Словенија, беше исполнета со ведрина и оптимизам меѓу нашите ракометари и стручниот штаб. Селекторот Ивица Обрван потврди дека мора сите да се прилагодат на густиот распоред и на малиот период за подготовка меѓу натпреварите:
Традицијата не потсеќа на поразите во 2008 и радоста во 2012 година
Словенија е наш постојан соперник низ квалификациите и големите приредби во минатото. Иако најпресно и најпријатно сеќавање е тоа од Белград 2012година, сепак традиција вели дека не секогаш „змајчеките„ ни будат пријатни спомени. Еве ја листата на меѓусебни дуели меѓу Македонија и Словенија, која вели дека имаме 1 победа и 2 порази.
Денес во 15 часот се кова стратегијата за Словенија
Три меча и три победи за ракометарите на Македонија во „Али Бин Хамад Ал Атијах арената„ во Ал Саад - Доха. И неделниот меч од осминафиналето ќе се игра во оваа арена, па според однапред одредениот календар на тренинзи, денес од 15 часот по средно европско време, момците на Обрван ќе го имаат единствениот тренинг пред мечот со момците на Борис Дениќ. Убава можност да се „скенира„ противникот, да се верификува зглобот на Јоноски, иако постои јасен оптимизам и да се најде вистинската стратегија за мечот во кој влогот е четвртфинале. Многу повеќе македонски одколку словенечки навивачи ќе има в недела во Доха и тоа треба максимално да го искористиме.
Ким Андерсон со нова загрижувачка повреда
Голем удар за шведската репрезентација во пресрет на денешниот одлучувачки натпревар за првото место во Ц групата на 24 светско првенство во ракомет во Катар. Андерсон на мечот со Египет го повредил истото оперирано рамо и целата нација е во исчекување на дефинитивната дијагноза.
ФОТО: Босанците со транспарент: IHF - мафија!
По суспензијата на Никола Прце и паричната казна кон Босанската ракометна федерација, но пред се по судењето на мечот со Тунис, навивачите на Б иХ на мечот против Хрватска ѝ испратија порака на IHF дека е - мафија. Со „дрвја и камења„ момците на Марковиќ и нивните пулени „удрија„ по португалските судии.
Скок на Лазаров кај голгетерите, лидерство кај најкомплетните
Со деветте постигнати гола против Австрија, капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров направи голем исчекор кон врвот на листата на стрелците. Денешниот негов меч беше комплетен, исполнет со многу голови, асистенции и влијание на играта. Лазаров е на 5 гола до водечкиот на листата на стрелците, словенецот Драган Гајиќ. Но затоа во севкупната листа за најкорисен играч во која се собираат головите и асистенциите, Лазаров е убедливо прв. Групната фаза завршува утре со мечевите од 5 коло во Ц и Д групата.
ВИДЕО: Манасков: „На почетокот од вториот дел го зададовме завршниот удар„
Со комплетен натпревар и со добра игра пред се во второто полувреме, Дејан Манасков уште еднаш потврди дека е „суво злато„ за оваа репрезентација и иднина за уште години и години. Ракометарот на Металург почувствува дека на почетокот на второто полувреме се „крши„ натпреварот и Македонија го зададе завршниот удар:
ВИДЕО: Мојсоски: „Против Словенија цврсто и со тактиката Металург„
По изедначеното прво полувреме Македонија во вториот дел за краток временски период го скрши отпорот на Австрија. Иако мечот влезе во конфузија во која имаше обострани исклучувања, но изедначен критериум на судиите, Македонија со сите свои ресурси се оддалечи од противникот Австрија и по трет пат го совлада тимот на Јоханесон во четири меѓусебни дуели:
Марковиќ пак одлучувачки фактор, Хрватска максимално
Хрватска и се приклучи на Шпанија како втора селекција со максимални пет победи и прво место во групата. Избраниците на Славко Голужа го совладаа деморализираниот тим на БиХ со 28:21. Игор Карачиќ со 6, Хорват и Слишковиќ со по 5 гола беа најефикасни, а целата клупа на „коцкестите„ одговори на предизвикот. Кај БиХ, Торомановиќ со 7 гола беше најпозитивниот.
Јоханесон: „Исклучувањето на Зиура беше клучен момент„
Иако разочаран предводникот на репрезентацијата на Австрија, Јоханесон мораше да го признае поразот и пак да констатира дека Македонија е интелегентна репрезентација и знае што сака. Исто така како голем удар за неговата репрезентација го потенцираше исклучувањето на Зиура: