hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Сигурдсон: „Секому му недостига Палмарсон, но покажавме карактер„

Egypt vs Iceland 150124Qatar 2015 M55 EGY vs ISL- AH 6305 xlarge1

Кога една третина од мечот, Исланд на селекторот Кристјансен беше со само еден постигнат гол и евидентни проблеми во нападот, се чинеше дека мечот ќе се одвива како што сакаат египјаните. Но и без својот најдобар ракометар „рибарите„ покажаа карактер, а тој најчесто го вградуваа во тимот најискусните Сигурдсон и Густафсон:

Повеќе...

Дефинирани осминафиналните парови

Denmark vs Poland 150124Qatar 2015 M60 DEN vs POL- HOR0740 xlarge

По завршувањето на денешните мечеви по групи, познати се сите осминафинални двојки за в недела и в понеделник. За разлика од пред две години во Шпанија, Јужна Америка доби уште еден свој претставник во нокаут-фазата, а Катар ќе ја брани честа на домашниот континент. Европа остана со 11 места.

Повеќе...

Франција на „мускули„ Данска пак подобра од Полска

France vs Sweden 150124Qatar 2015 M59 FRA vs SWE-GEO39 xlarge

Дуелот на најтрофејните ракометни сили во историјата на мундијалите, Шведска и Франција требаше да ја даде одлуката за првото место во групата Ц. Шведска и без Ким Андерсон подобро го почна мечот и инспирирана од Јонас Калман поведе со 0:4 и Онеста побара тајм-аут. Требаше да минат 7 и пол минути за „галските петли„ преку Жоли да го постигнат првиот гол на мечот.

Повеќе...

ВИДЕО: Зорман: „Нема да го менуваме стилот, со кого и да играме„

uros zorman

Ударна игла во оваа словенечка репрезентација, која не очекува утре попладне, но и во последните 7-8 години е капитенот Урош Зорман. Иако е еден од ветераните, ракометарот на Киелце е продолжена рака на селекторот Дениќ и преку него се пренесуваат идеите на теренот. Зорман ја брани својата филозофија и полетниот стил на игра на Словенија. Иако има премногу технички грешки и нешто помалку добра дефанзива, системот на Словенија со години е со задоволство прифатен и применуван:

Повеќе...

ВИДЕО: Козлина: „Добро се познаваме, ќе ми биде тешко против Македонија„

kozlina 3

Низа комплименти на адреса на нашата репрезентација, максимален респект и коректни изјави доаѓаа од словенечкиот табор во текот на денешниот ден. Еден од најупатените да зборува за избраниците на Обрван е Миладин Козлина, кој скоро со сите наши ракометари ја делеше соблекувалната во клубскиот ракомет:

Повеќе...

Исланд го „фати последниот воз„ Русија елиминирана

Egypt vs Iceland 150124Qatar 2015 M55 EGY vs ISL- AH 6308 xlarge

Директниот дуел за осминафиналето, помеѓу Египет и Исланд започна со многу цврст блок на египјаните и за 9 минути, Исланд постигна само 1 гол. Но момците на Кристјансон полека се консолидираа и иако играа без Палмарсон, преку Халгримсон израмнија на 5:5 на половина полувреме.

Повеќе...

Попладневниот тренинг откажан, ракометарите на прошетка

foto doha

Селекторот на македонската репрезентација Ивица Обрван ги ослободи од обврските ракометарите попладнево, иако во 15 часот беше предвиден тренинг пред мечот со Словенија. Стручниот штаб им даде комплетно слободно попладне на нашите адути, за да можат да се одморат и за кратко да се дефокусираат од ракометните возбудувања.

Повеќе...

Палмарсон доби удар во главата, не игра со Египет

palrmarson

Исландскиот ракометен сојуз изврши замена на „движечката сила„ на својата репрезентација Арон Палмарсон пред мечот со Египет, а на неа играше Гунар Стеин Џонсон. Против Чешка ѕвездата на Кил доби удар во главата по што не беше во можност да го продолжи натпреварувњето.

Повеќе...

Лазаров: „Уживам во улогата на капитен„

lazarov barca web

Во пресрет на најважниот меч на шампионатот, Кирил Лазаров го посетија новинарите од официјалната веб страна на неговиот клуб, Барселона, која дава огромен број на репрезентативци во Катар. Затоа и седмата сила постојано ги следи репрезентантите на првакот на Шпанија. Македонецот направи паралела меѓу клубот и репрезентацијата и потенцира дека има многу разлики и заеднички страни. Но на двете места исто е што Лазаров немилосрдно ги тресе противничките мрежи:

Повеќе...

ВИДЕО: Ангелов: „Сите одиме по однапред зацртаната цел„

Fyro Macedonia vs Austria 150123Qatar 2015 M54 MKD vs AUT- AH 5698 xlarge

Кавадарчанецот Петре Ангелов ја засили својата самодоверба и на тимот му потврди дека може во секој момент да смета на него. Одбраните во вториот дел од мечот со Австрија, им ја олеснија работата на соиграчите и победата во ниту еден момент не беше доведена во прашање. Затоа и на прес-конференцијата Ангелов не си ги припишуваше заслугите, туку победата ја окарактеризира како уште еден чекор до заедничката цел:

Повеќе...