Дениќ: „Еве ви ја Словенија која ја сакавте, ќе играте бавно и не можете да го сопрете Зорман„
Како да се чувствува нервоза во словенечкиот табор пред мечот со Македонија. Селекторот Борис Дениќ делуваше арогантно пред македонските новинари во оној простор, кога последниот словенечки тренинг беше отворен. Тој однапред се постави во улога на жртва и најави дека момците на Обрван ќе играа максимално бавно:
Македонија - Словенија ќе ја судат литвански судии
На шест и пол часа пред мечот во кој влог е четвртфинале на светско првенство, организаторот ги одреди судиите и официјалните лица за нашиот и за останатите денешни три осминафинални меча. Така литванците Миндаугас Гателис и Ваидас Мазеика ќе ја делат правдата на мечот со Словенија. Ова е второ нивно делегирање на ова првенство на меч на Македонија, откако го водеа мечот од третото коло во Б групата со БиХ, кој успеавме да го добиеме.
Дениќ го пријави Цехте место Бомбач
Како и што очекувавме и како што најави вчера нашиот селектор Ивица Обрван, Клемен Цехте е вметнат во тимот на Словенија за денешниот меч со Македонија. Борис Дениќ направи замена во својот тим и опоравениот лев бек ќе добие шанса пред Деан Бомбач. Цехте нема ритам на натпревари на овој шампионат, но има неспорен квалитет и е еден од ретките шутери во тимот на Словенија.
Голужа и Марковиќ типуваат на Македонија
Сите репрезентации од нашата група се сместени во ист хотел, во убавиот „Мериот„ во срцето на Доха. Често се дружат, разговараат, се шегуваат. Таму се официјалните средби со новинарите и секогаш околу пладне има видлива гужва, обид да се дојде до „парче„ нечие мислење пред големите средби. Така селекторите на БиХ и Хрватска, Драган Марковиќ и Славко Голужа го искажаа својот став пред нашиот меч со Словенија и ни дадоа блага предност.
ВИДЕО: Прост: „Добро го познавам системот на Обрван„
Не се среќаваме пречесто со Словенија на последните големи приредби, но сепак ракометарите во своите клубови често се соиграчи или ривали на теренот. Така голманот Прост е уверен во квалитетот на своите соиграчи, но смета дека Македонија не може многу да го изненади словенечкиот тим, посебно бидејќи тој одлично го познавам стилот на игра на селекторот на нашиот тим, Ивица Обрван:
Како се стигнува до Рио?
Светското првенство кое денес влегува во елиминационата фаза е само првиот филтер кој ќе ги даде учесниците на машкиот ракометен турнир на летните Олимписки игри во Рио де Жанерио во 2016 година. Само организаторот Бразил има сигурно место, а останатите 11 селекции ќе бидат познати најдоцна до април 2016 година. Две недели подоцна ќе биде извршена ждрепката за турнирот, во кој селекциите ќе бидат распределени во две групи по шест селекции.
ВИДЕО: Акамбре: „Сите бевме мобилни против Шведска, затоа и победивме„
Победа над Шведска, ги однесе актуелниот европски и четирикраткиот светски прваки на горниот дел од костурот каде триколорите се големи фаворити во мечевите кои следат. Ракометарот кој од Монпеље мина во ПСЖ, минатото лето, Вилијам Акамбре го отцени мечот со „викинзите„ како меч на целосна мобилност во неговиот тим, и покрај недостатокот на течност и целосен квалитет:
Македонија денес го игра само вториот елиминационен меч на големи турнири
Денешниот меч од осминафиналето на светското првенство во Катар е само втор натпревар во кој поразениот тим е елиминиран по 60 минути борба за нашата селекција. Првиот наш меч од тој тип беше осминафиналето на светското првенство во Шпанија против Германија во Барселона, кое нашиот противник го доби со 28:23 (13:9).
Без промени на врвот, Гајиќ нај-стрелец по групната фаза
Вечерва официјално заврши првиот дел од натпреварувањето на светското првенство во ракомет. По групната фаза најефикасен ракометар е Драган Гајиќ од Словенија, а најкорисен (голови + асистенции) нашиот Кирил Лазаров. Денешните шест натпревари не донесоа радикални промени на врвот. Единствено аргентинецот Пизаро скокна на четвртото место со 34 гола.
ВИДЕО: Карабатиќ: „Ако не бидеме вистински, Аргентина може да не победи„
И без Абало, со интерни проблеми, смена на капитенот, Нарцис со половина сила, Лука Карабатиќ со црвен картон во најчувствителната фаза, Франција најде ресурси за постојаниот минус во резултатот да го преточи во победа над Шведска за прво место во групата Ц. Новиот капитен Никола Карабатиќ стои цврсто на земја и не се става себе си ниту во улога на фаворит против селекции кои пред неколку недели убедливо ги совлада на турнирот во Нант. Имено ако „галските петли„ ја минат Аргентина, а Македонија слави над Словенија, 19 дена по финалето на турнирот во Нант, двете селекции ќе се сретнат и во мундијалското четвртфинале: