Позната деталната статистика на македонската репрезентација
По шест одиграни натпревари и за нас завршен мундијал, позната е комплетната статистика на избраниците на Ивица Обрван на 24 мундијал. Бројките откриваат дека вкупниот процент на успешност на нашиот национален тим е 64% или 181 гол од 284 упатени удари. Георгиевски и Стоилов со 83 и 82% се нашите ракометари со највисок процент на реализација, но мора да се напомене дека шутираа 3-4 пати помалку од бековите. 42 гола постигнавме од 9 метри, 40 од линијата од шест метри, а 23 од седмерци и 31 од контранапади.
Карабатиќ: „Хрватска има отворен пат до финале„
Најдобриот ракометар на последното европско првенство, Никола Карабатиќ до сега најчесто се оградуваше од били какви прогнози, нагаѓања, претпоставки. Успеавме да го уловиме, заедно со хрватските медиуми и се осврна најмногу на синоќешната тешка победа на Хрватска против Бразил:
Бранд: „Не ме импресионира мундијалот до сега„
Хајнер Бранд е историско име за германскито и светскиот ракомет. Тој е еден од ретките кој стана светски првак и како играч со Западна Германија во 1978 година и како селектор во 2007 година. Сега работи како директор на сите репрезентации во германскиот ракометен сојуз и е повеќе од компетентен да се произнесе за прикажаното до сега на 24 ракометен мундијал:
ВИДЕО: Георгиевски: „Свесни сме каква шанса пропуштивме„
Со само неколку одспиени часови, македонската ракометна репрезентација утрово се упати кон аеродромот во Доха, од каде ги очекува 7-8 часовен лет преку Истанбул за вечерва да пристигнат во Скопје. Умор и разочарување се забележителни кај нашите момци, но и свесност каква шанса е пропуштена синоќа:
ВИДЕО: Мукаетов: „Треба да анализираме со ладни глави„
ФОТО: sportmedia.mk
Започнаа анализите на нашето четврто учество на светските првенства. Зошто не е остварена целта, дали таа беше реална или „летвичката беше превисоко поставена„ што и како понатаму? Ова се само дел од прашањата кои јавноста, но и професионалците си ги поставуваат. Во разговор со „седмата сила„ во хотелот „Мериот„ во Доха, претседателот Живко Мукаетов ја одложи анализата за во Скопје и тоа од стручен совет, кој федерацијата треба да го формира:
Ракометарите денес се враќаат за Скопје
Македонските ракометари денес од 11 часот по средно европско време со лет преку Истанбул патуваат за татковината по 10 натпреварувачки дена во Катар. Звучи парадоксално, но селекциите кои обезбедија пласман од 16 до 24 место разигруваат во „Президент Купот„ во „Духаил арената„ а оние кои испаѓаат во осминафиналето, се враќаат дома.
Дениќ: „Разликата ја направи Шкоф и лошиот ден на вашите голмани„
Иако само четири одбрани ги делат, македонските со словенечките голмани, сепак видливо беше дека фигурата на бившиот соиграч на Лазаров од Загреб, Горазд Шкоф беше клучна во осминафиналето. Тоа го потенцира и селекторот на Словенија, Дениќ кој токму меѓу стативите ја гледа разликата доволна за победа на неговата репрезентација:
Неморални премии за катараните ако влезат во полуфинале
Катар - најбогатата земја на светот според просекот на БДП по глава на жител, откако секоја победа на мундијалот ја наградуваше со по сто илјади долари по играч, се одлучи за уште поголема премија за влез во полуфинале. Катар на своите ракометни херои им нуди стан и тоа во монденската населба на вештачкиот остров во Доха, по еден автомобил Масерати и по еден милион долари. Катар во четвртфиналето го чека подобриот од денешниот осминафинален меч помеѓу Германија и Египет.
Георгиевски: „Разочарани сме, но Словенија беше подобра„
Еден од нашите најпозитивни во мечот со Словенија, стрелецот на 7 гола, Гоце Георгиевски не го криеше разочарувањето по поразот од Словенија и елиминацијата од шампионатот. Сепак како и скоро сите наши репрезентативци спортски го признаа поразот на вчера подобрата екипа:
Нов одличен мундијал за Кирил Лазаров
Со 45 гола од 78 обиди и успешност од 57,69%, Кирил Лазаров зад себе остави уште еден многу позитивен мундијал. Реализираше 23 гола од 28 упатени седмерци кон противничкиот гол, а додаде уште 28 асистенции со што е втор на листата на асистенти, зад Микел Хансен. По 6 одиграни натпревари на мундијалот, македонскиот капитен е најкорисен ракометар до овој момент на шампионатот со 73 поени, што е за 8 поени повеќе од второпласираниот Драган Гајиќ.